ГРУЕВСКИ, НАТО И ЕДНА ГОЛЕМА НЕСПОСОБНОСТ

Последното интервју на Груевски поврзано со влезот на Македонија во НАТО предизвика многу полемики и толкувања. 

Јас лично ја имам прифатено американската школа која е ориентирана кон резултатите, односно, успешноста на одреден проект, активност или работа, ја мери според постигнатите резултати, а не според посакуваното, можното, зацртаното, декларираното, извиканото.

Во изборните кампањи Груевски настапи со тврдење дека, за разлика од неговите политички опоненти, тој знае како да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО.

Во моментот кога беа искажани овие тврдења на политичка сцена беше истата оваа Грција која ја имаме и денес и истите држави кои се членки на НАТО и на ЕУ и во принцип ништо битно не се смени во надворешното опкружување и условите на делување.

Тоа значи дека, после 6 години апсолутна власта, со истоветно надворешно опкружување, Груевски не успеал да го достигне прогнозираниот резултат. Причините за тоа може да бидат:

1. Од самиот почеток свесно лажел дека може да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО со цел да ги добие изборите

2. Од самиот почеток лажел дека сака да го направи тоа и со сите свои активности работел во спротивна насока.

3. Го мислел тоа што го зборувал, меѓутоа немал стратегија, државни капацитети, знаење и умешност за да го направи тоа.

3. Воопшто не мислел ништо туку едноставно го кажувал она што пропагандните стручњаци му рекле дека е добро да се каже доколку сака да ги добие изборите.

Како и да е, резултатот не е постигнат и покрај тоа што нема никакви промени во условите на делување. Последица на ова може да биде:

1. Оставка на Премиерот и распишување на вонредни парламентарни избори.

2. Обид за консолидирање на внатрешните сили и градење на стратегија за дипломатски пресинг (се разбира со професионални дипломати а не со збирштина собрана од улица како во моментов)

3. Префрлање на кривицата врз сите други и симнување на било каква одговорност од себе (како што впрочем прават сите кецароши од основно училиште па до премиерско место).

 


	

Leave a comment

Your email address will not be published.