ВО МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ СМРТНА КАЗНА

И покрај декларативното откажување од смртната казна и отсуството на истата од Кривичниот законик, во Македонија постои смртна казна и периодично се извршуваат егзекуции.

Бидејки судовите не можат да изречат смртна казна изрекувањето на истата е ставено во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Тоа ја изрекува смртната казна и истовремено ја извршува и егзекуцијата (која се нарекува инцидент).

Таков беше случајот со детето Трајан Бекиров, со двајцата застрелани во Гостивар, со Поштарот, со Мартин и сега најновата егзекуција направена во Струга.

Се разбира во сите случаи станува збор за исклучително опасни луѓе (кои во моментот на егзекуцијата не биле вооружени, меѓутоа тоа не ја менува нивната опасност) и биле оддадени и посветени на криминал или пак биле душевно пореметени (што е добра причина некој да биде убиен).

Сите случаи се како што се искажува МВР  нциденти во кои нема одговорност ниту за непосредните раководни кадри, ниту за министерот ниту пак за министерството во целина.

Пред некое време овие инциденти им се случуваа на специјалците (Алфи и сл.). Последниот случај покажува напредок во подготвеноста на полицијата да убива со тоа што правото на егзекуција е проширено и на сообраќајните полицајци.

И повторно ќе прашам: ИМА ЛИ НЕКОЈ НОРМАЛЕН ВО ДРЖАВАВА ДА РЕАГИРА НА ИДИОТИЗМИТЕ КОИ ГИ ПРАВИ И СО КОИ СЕ ГОРДЕЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ? ИМА ЛИ ОСТАНАТО ПРОФЕСИОНАЛЕН ПОЛИЦАЕЦ ВО МВР КОЈ НЕ МИСЛИ ДЕКА ЛУЃЕТО СТАНУВААТ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ЗА ОТСТРЕЛ ВО МОМЕНТОТ КОГА ЌЕ ГО ПРЕКЈРШАТ ЗАКОНОТ. И ПОСТОИ ЛИ СИНДИКАТ ВО ПОЛИЦИЈАТА КОЈ ЌЕ СЕ СПРОТИСТАВИ НА ДЕЗАВУИРАЊЕТО НА ПОЛИЦИСКАТА ПРОФЕСИЈА?

НАЈСЕРИОЗНО ПРАШУВАМ, ИМА ЛИ ПИЛОН ВО АВИОНОВ?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.