Протестот е демократско право и начин на изразување на мислењето на граѓаните

Јас ги поддржувам протестите против поскапувањето на струјата, водата, парното, бензините и се останато и против решенијата на Регулаторната комисија со кои власта ги поддржува и овозможува овие поскапувања.

Наспроти обидите на власта да го дезавуираат значењето на протестите и да ја префрлат вината врз приватниот сектор јас мислам дека протестите се неопходни, корисни и можат да дадат позитивни (за граѓаните) резултати.

1. Луѓето со векови се бореле за слободата на изразување на мислењето, слободата на собирање и слободата на протестирање. Тоа се едни од највисоките дострели на современата демократија. Само многу глупи луѓе чии мозоци ги измила фашизоидната власт кој во моментов ја имаме во Република Македонија, не го разбираат тоа. Протестот е начин на кој граѓаните најасно кажуваат кога нешто не им се допаѓа, кога нешто треба да се промени и кога имаат очекување од власта тоа да го направи доколку и понатаму важи одредбата дека суверенитетот во Република Македонија им припаѓа на граѓаните. Што поголем број толку е посилен гласот, толку е помоќна пораката и толку пострашни треба да бидат за власта доколку не сака да ги слушне. Протестите сигурно имаат лимитирани ефекти, меѓутоа неискажувањето на мислењата значи молк кој може да биде пртолкуван како прифаќање. Од друга страна, само со искажување на мислењето може да започнеме да бараме нови и поинакви решенија по принципот повеќе глави подобро мислат.

2. Протестите треба да бидат против власта, а не против приватникот. Власта е таа која ги одредува правилата на игра, власта е таа која ги поставува границите и власта е таа која што се обврзала да ги штити правата и слободите на граѓаните. Не за бадијала постои Регулаторна комисија (како орган на власта, а не на приватните сопственици). Таа комисија треба да го заштити јавниот интерес наспроти несомнениот интерес на приватникот да зграпчи што е можно поглем профит. Таа комисија треба да постави брана на лакомоста на приватникот и да најде баланс меѓу приватниот и општествениот интерес. Таа комисија  треба да им одговори на граѓаните зошто е создадена ситуација во која го штити приватникот за сметка на општетсвениот интерес.

3. Многу глупо и примитивно е објаснувањето на власта дека секаде во светот се поскапува струјата, и парното и водата. И безобразно. И само маломен неедуциран народ може да го прифати ова како валидно објаснување. Зошто? Затоа што:

  • Постојат начини на кои може власта да интервенира во цените на овие услуги (пред се со намалување на своите зафаќања, со прогресивно оданочување или со различно оданочување на различни количини од потрошеното).
  • Постојат енергетски проекции кои треба да го предвидат овој тренд и со кои власта треба да најде најсоодветен начин за заштита на граѓаните (поддршка на алтернативни извори на енергија, искористување на сончевата и термална енергија, субвенционирање/вистинско не оние шарени лажки кои во моментов ни ги продава власта/ на термоизолацијата на куќите, откуп на електрична енергија која би ја произведувале граѓаните со сончеви колектори).
  • не може да се изедначи цената на чинење на овие услуги со цената во земји каде што платите на луѓето се 10-20 пати поголеми од оние на граѓаните во Македонија.

ЗАРАДИ ОВА СМЕТАМ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПРОТЕСТИ И ВПРОЧЕМ МИСЛАМ ДЕКА ОВАА ВЛАСТ ТРЕБА ДА БИДЕ СРУШЕНА.

 

Leave a comment

Your email address will not be published.