ЗА ДРЖАВАТА КОЈА ДИСКРИМИНИРА

Пред некое време се намножија тие кои ме убедуваат дека во Македонија воопшто не е актуелна дискриминацијата врз основа на пол и дека жените се рамноправни со мажите. Глупост како глупост, меѓутоа проблемот е што луѓето веруваат во неа и престануваат дури и да ја перцепираат дискриминацијата, а камоли да се борат со неа. И проблемот е што државата непречено промовира дискриминација врз основа на пол. Без пардон.

Последен бисер на структурната дискриминација е откритието за терминологијата која се употребува од страна на Заводот за статистика. Во изданието Анкета за работната сила во дефинирањето на активното и неактивно население се вели: економски активното население го сочинувааѕ вработените и невработените лица. Понатаму, во вработени се вбројуваат сите оние кои за време на извештајната недела работеле за пари (во готово или во натура) или за добивка најмалку 1 час, привремено биле отсутни од работа или помагале на семејниот имот или семејното претпријатие без плата. Невработени се сите оние кои не работеле,активно бараат работа и подготвени се да прифатат работа во наредните 2 недели.

Сите други се надвор од работната сила на државата. Тие другите се ученици и студенти, пензионери, издржувани и ДОМАЌИНКИ (кои извршуваат активности во домаќинството).

Стапката на невработеност се пресметува како учество на вкупниот број невработени во вкупната работна сила.

Што значи ова?

1. Ова значи дека дома може да биде без работа само жена никако маж. Жените се тие кои си седат дома и ништо не работат и не заработуваат и не ни бараат работа (чисто уживање). Мажите секогаш или работат или бараат работа или на некој друг начин се дел од работната сила, а доколку не се тогаш не седат дома и не извршуваат активности во домаќинството).

2.Дека , жените кои се во домаќинството не работат туку извршуваат активности (најверојатно слободни активности). Тука може да спаѓаат и чување на добиток и перад и готвење и перење и грижа за млади и постари, и… Ништо од ова не е работа и не се остварува

никаква добит од тоа.

 

3. Дека жените се работоспособни но не се работна сила, односно се трутови кои си седат дома и се бават со активности додека за нив работат кутрите мажи.

Се разбира, доколку овие активности се прават за пари тогаш веќе не се слободна активност туку работа. Само да не си дома туку во туѓа куќа (на пример кај комшиите).

И така се раѓаат и опстојуваат стереотипите и предрасудите и системската дискриминација врз основа на пол.

Leave a comment

Your email address will not be published.