НАРОД ЗА ЖАЛЕЊЕ

Во Шпанија не стивнуваат демонстрациите.

Во Грција летаат молотови коктели.

Кај нас партиите се измотаваат со граѓаните.

Треба да си навистина многу за гревота народ наместо да побараш одговорност затоа што некој ти ги потрошил парите на глупости и да го искажеш сопствениот револт ако треба и на многу драстичен начин, ти да го штитиш манипулаторот и неговото (не) дело.

Треба да си навистина поданички народ наместо да побараш одговорност за недомаќинското работење на власта која и става економска ортома околу вратот на оваа и на наредните седум генерации, ти да се радуваш на трошките кои ти ги фрлаат.

Можеби е дојдено време на граѓаните на Република Македонија  да им се одземе деловната способност заради тоа што не се во состојба да ги сфатат значењето и правните последици на дејствијата кои ги прави власта, не се во состојба да се грижат за себеси и за заштита на своите права и интереси,  не знаат да управуваат со сопствениот имот и ја загрозуваат сопствената и егзистенцијата на своите деца.

Во спротивно може да дојдеме до ситуација сите  сами да се одвеземе на колење (во сабота со бесплатни карти дадени од власта).

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published.