ЗОШТО Е МАКЕДОНИЈА ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ?

Незнаењето е страшна рабоата. Незнаењето придружено со неискуство е катастрофално за секоја институција, организација или структура. Незнаењето придружено со неискуство и искомбинирано со неконтролирана моќ е сигурна пропаст за секоја држава.

Токму ова последното и се случува на Македонија: незнаење, придружено со неискуство и комбинирано со моќ на властодршците која никој не ја контролира.

Во вакви услови и некои навидум добри идеи (па та дури и не само навидум, туку навистина добри идеи) се претвораат во застрашувачки грешки и алатки на уништување наместо на прогрес.

Само како пример. Навидум банален, меѓутоа многу сликовит и се надевам очигледен и за оние граѓани (во и надвор од власта) кои не можат да се пофалат со преголеми интелектуални капацитети.

По должината на улицата Иво Лола Рибар (од страна на неконтролираната власт наречена Митрополит Теодосиј Гологанов) се наоѓаше широк појас засаден со дрвја. Прекрасна зелена оаза во центарот на градот. Градоначалникот Коце Трајановски ги исече. До последно. За да засади нови. Најверојатно овие беа комуњарски и ширеа несоодветно влијание врз граѓаните. Но, тоа е само почетокот на приказната. Улицата е проширена, а покрај неа се гради огромен зелен појас. Само овој појас не е со дрвја туку со трева и цвеќиња.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Навидум прекрасно. Убаво осмислено, убаво за око. И неверојатно, безобразно, агресивно глупо. Зошто:

Прво, сите еколози знаат многу добро дека тревата е монокултура и покривањето на поголеми површини само со трева значи  нарушување на постоечкиот еко баланс, испоснување на почвата и намалување на разновидноста на флората и фауната.

Второ, одржувањето на вака големи тревни површини значи потреба од многу вода. Имајки ја предвид климата на Скопје, големите и долготрајни суши и недостатокот од вода, креирањето на ваков вид на зелен појас не само што е бесмислено туку е и штетно.

Уште повеќе, ова прашање се поставува после добиеното предупредување од Светкста банка, според која: “Сите податоци покажуваат дека Македонија ќе биде особено ранлива на промената на климата. Приоритет на Македонија ќе биде водата, со која засега лошо се менеаџира“.

Значи треба да си човек кој многу малку знае, да немаш никакво искуство и да имаш моќ да правиш што сакаш без за тоа да одговараш, за да изградиш ваков вид на зелена површина во моментот кога те предупредуваат дека најголем предизвик на Македонија во наредните 50 години ќе биде водата.

И се разбира, за сето тоа ти е потребен шутрачки народ кој и да го маваш ти вика благодарам.

Leave a comment

Your email address will not be published.