ТАЖНАТА ЗЕМЈА ВО КОЈА УМЕТНИЦИТЕ ЈА ПОДДРЖУВААТ ДИКТАТУРАТА

Уметниците, заедно со работниците, студентите и академската фела  вообичаено биле први во промовирањето, заштитата и борбата за демократијата. Тие оделе чекор понапред, се спротиставувале на власта и барале поголеми слободи, повеќе простор за различност, повеќе демократија и помало влијание на властодршците.

File:Alexanderplatz demonstration pamphlet.jpg

Mass Rally on Alexanderplatz in East Berlin (November 4, 1989)

Во изминатите 20 години нашите уметници ниту еднаш единствен пат не излегоа организирано во одбрана на човековите права, против било која акција на власта, полицијата, не се спротиставија на затворањето на медиумите, не им пречеше инволвирањето на Македонија во воени акции, не поддржаа права на маргинализирани групи.

За разлика од уметниците кои материјално и нематеријално го поддржуваат движењето Окупирај го Волстрит, или сите оние кои го поддржуваат мирот и правата на обесправените,

George Clooney being arrested for protesting

 

John Lennon and his Yoko, the couple stayed in bed for seven days as 'a protest against war and violence in the World'

 

Drew Barrymore<br /><br /><br />
Participates in a march against Proposition 8

Sean Penn (C) and Reverend Jesse Jackson (R) march with activists during an anti-war rally

нашите глумци и уметници станаа во одбрана на власта, во заштита на диктатурата, во поддршка на неконтролираната моќ.

Не, тие не излегоа да ги поддржат стечајците, ниту работниците од Охис, на крај памет не им беше да застанат покрај лекарите, не ги возбудија ни внатрешно раселените. Никако. Тие станаа против опозицијата, против поставувањето на прашања, против барањето за одговорно трошење на парите на граѓаните.

Имам полно разбирање за истакнатите партиски војници и луѓе кои немаат врска со уметноста меѓутоа добиле вработување кое сега треба да го бранат. Имам разбирање за болниот човек кој изгубил врска со реалноста и за тоа е награден со награда за животно дело. Но немам разбирање за Дејан Лилиќ и таквите како него.

UMETNICI_PROTEST11212

Која мака го натера така торжествено да застане во одбрана на фашизмот. Во која драма влезе и кој ли текст го читаше? Дали тоа беше Хамлет, или Ромео и Јулија, или можеби Мртвиот актер, или се му се смешало па се замисли за Александар големиот таткоубиец? Или можеби влезе во кожата на Бај Гањо оди за Романија и се изгуби во лавиринтот на сопственото незнаење?

Она што знам со дигурност е дека ми се одмиле уметноста во Македонија, и македонскиот театар и оваа држава во која се е наопаку.

Leave a comment

Your email address will not be published.