ОВАА ВЛАСТ ТРЕБА ДА БИДЕ СРУШЕНА КАКО ШТО КАРТАГЕНА БИЛА РАЗРУШЕНА – бидејќи е потребно да се заштитат човековите права преку владеењето на правото, за човекот да не биде присилен да се дигне на бунт како последно средство против тиранијата и потчинувањето

Еден анонимен лик на мојот блог ми напишал: “zoshto dezinformacii , zoshto lagi? spored delovnikot na sobranieto beshe se napraveno, pred da pishuvate tendenciozni tekstovi, bi trebalo malku da se informirate“.

Навистина не сум сигурна дали воопшто треба да пишувам, да објаснувам и да се надевам дека било која од информациите кои ги давам може воопшто да допре до свеста на ваков вид луѓе.

Меѓутоа, како што веќе спомнав, молчењето е соучесништво. Од друга страна доколку не се адресира незнаењето тоа може да се прошири како плевел и многу потешко ќе биде да се искорени.  Затоа ќе го направам она за што сум обучена: ќе ја анализирам правната страна на случувањата.

1

 

 

 

1. Според чл. 62 од Уставот  - Пратеникот не може да биде отповикан. Со отстранувањето на пратениците на опозицијата од собраниската сала и оневзможувањето да расправаат и да го кажат своето мислење за буџетот, тие се фактички отповикани. СО ТОА Е ПРЕКРШЕН УСТАВОТ

2. Според чл. 64 од Уставот - Пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието. Со исфрлањето на пратениците од Парламентот всушност тие се казнети за искажаното мислење. СО ТОА Е ПРЕКРШЕН УСТАВОТ

23. Според чл. 65 од Уставот - На пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Со исфрлањето на пратениците од Парламентот всушност е оневозможено тие да го остваруваат својот мандат, што значи, мандатот им е одземен без да постои судска одлука. СО ТОЕ Е ПРЕКРШЕН УСТАВОТ.

4. Според чл. 67 од Уставот - Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Со тоа што претседателот на Собранието Вељановски отворено застана на страна на една политичка партија и недвосмислено ги заштитуваше интересите на таа политичка партија, станува збор за фактичко вршење на партиска функција.  СО ТОА Е ПРЕКРШЕН УСТАВОТ.3

5. Според чл. 70 од Уставот - Седниците на Собранието се јавни. Треба да постои одлука донесена од страна на Собранието (2/3) со која се отстранува јавноста. Ваква одлука не беше донесена. СО ТОА Е ПРЕКРШЕН УСТАВОТ.

6. Според чл. 91 од Уставот - – предлага закони, републички буџет и други прописи што ги донесува Собранието. Со тоа што Владата фактички реши што ќе биде внесено, а што не во буџетот и со тоа што беше скратена постапката за расправа за буџетот во соодветните собраниски тела и со тоа што беа отстранети од Собранието пратениците на опозицијата, всушност Владата стана фактички носител на буџетот. СО ТОА Е ПРЕКРШЕН УСТАВОТ.

7. Според чл. 92 - Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници. Со тоа што беа исфрлени од Собранието пратениците на опозицијата, оневозможено е поставување на прашање за доверба на Владата. СО ТОА Е ПРЕКРШЕН УСТАВОТ.

48. Според чл. 2 од Уставот - Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Со исфрлањето на пратениците на опозицијата од Парламентот, нарушен е суверенитетот на граѓаните кои не можат да ја остварат власта затоа што претставниците кои ги избрале се отстранети од Собранието. СО ТОА Е ПРЕКРШЕН УСТАВОТ.

9. Според чл. 8 од Уставот, темелна вредност на уставниот поредок е поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска. Со отсуството на расправа за документ кој го предлага извршната власт пред законодавната нарушена е оваа поделба. СО ТОА Е ПРЕКРШЕН УСТАВОТ.

10. Според чл. 21 од Уставот - Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Бидејки пратениците се исто така граѓани, тие можат да протестираат и да се собираат со цел јавно да го изразат своето мислење. Со тоа што се пратениците исфрлени од Собранието во текот на тој протест ПРЕКРШЕН Е УСТАВОТ.

11. Според чл. 25 од Уставот - На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот. Со тоа што пратениците без исфрлени од Собранието на најпонижувачки начин, нарушено е нивното право на заштита на достоинството и угледот. СО ТОА Е ПРЕКРШЕН УСТАВОТ.

СО ТОА ШТО ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕ ИСФРЛАЊЕТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ОД СОБРАНИЕТО БЕА ИСФРЛЕНИ МЕДИУМИТЕ, ЈАСНО Е ПОКАЖАНА УМИСЛА ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА УСТАВОТ И НА ЗАКОНИТЕ. ИМЕНО, ДОКОЛКУ Е СПРОВЕДЕНА АКЦИЈА ЗА КОЈА СЕ СМЕТА ДЕКА Е ЛЕГАЛНА И ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНИТЕ, НЕ САМО ШТО НЕМА ДА БИДАТ ОТСТРАНЕТИ МЕДИУМИТЕ ТУКУ ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ ДА ЈА СЛЕДАТ ПРОЦЕДУРАТА (ШТО Е ПОДОЛГА ПРАКСА НА ОВАА ВЛАСТ).

СО ТОА ШТО ПАРЛАМЕНТАРЦИТЕ СТОЕА И ГЛЕДАА КАКО СЕ ПРЕКРШУВААТ СИТЕ ОВИЕ ОДРЕДБИ ОД УСТАВОТ ТИЕ СЕ ДИРЕКТНИ УЧЕСНИЦИ ВО АКТОТ НА НАСИЛНО РУШЕЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК И ТРЕБА ДА ОДГОВАРААТ ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО.

СО ТОА ШТО НА ПРЕКРШУВАЊАТА НА УСТАВОТ БЕШЕ ПРИСУТНА МИНИСТЕРКАТА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ДОЛЖНА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ И УПОТРЕБАТА НА СИЛА, ТАА МОРА ВЕДНАШ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, А ПОНАТАМУ И КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРА.

СО ТОА ШТО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ РЕАГИРАШЕ НА ПРЕКРШУВАЊАТА НАПРАВЕНИ ВО НЕГОВО ПРИСУСТВО ТОЈ МОРА ВЕДНАШ ДА БИДЕ СМЕНЕТ ОД ПОЗИЦИЈАТА КОЈА ШТО ЈА ЗАВЗЕМА.

СО ТОА ШТО НАЈВИСОКИТЕ СТРУКТУРИ НА ВЛАСТА НАПРАВИЈА, ОПРАВДАА И ПОДДРЖАА ПРЕКРШУВАЊА НА УСТАВОТ И ЗАКОНОТ ИМ ДАДОА ПРАВО НА СИТЕ ГРАЃАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДА ПРЕСТАНАТ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ЗАКОНИТЕ И ГИ ПОВИКАА ДА ЈА ПРЕВЗЕМАТ ВЛАСТА ВО СОПСТВЕНИ РАЦЕ СО ЦЕЛ ЗАШТИТА НА ОСНОВНИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ И ДЕМОКРАТСКИОТ ПОРЕДОК.

ОВА Е НИВОТО НА СЕГАШНАТА ВЛАСТ.

СЕКОЈ БУНТ ВО ВАКВИ УСЛОВИ ПРЕТСТАВУВА НУЖНА ОДБРАНА.

Leave a comment

Your email address will not be published.