ЗОШТО НА ПРОТЕСТИ ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗАТ И ПРИПАДНИЦИТЕ НА АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА?

Затоа што единствено во демократска држава во која владее правото може да бидат остварени и заштитени правата на помалубројните заедници.

Затоа што малцинските права се човекови права и не може во држава во која се повредуваат човековите права да очекуваме почитување на малцинските.

Затоа што во отсуство на демократија и владеење на правото односите меѓу различните етнички заедници се решаваат на ниво на поделба на територија меѓу две мафијашки семејства.

Затоа што територијалното разграничување во влијанието на политичките партии на Македонците и Албанците никако не значи и почитување на правата на индивидуалните претставници на двете заедници, туку едноставно етнички обоена диктатура.

Затоа што сиромаштијата е заедничка.

Мислам дека прашањето за демократијата и владеењето на правото во државата е исклучително важно за припадниците на албанската заедница. Да изјавиш дека во Македонија нема проблеми со граѓанските туку со етничките права може да значи или дека  си многу неписмен човек или пак човек кој има корист од владеењето на неправото кој ја посакува ситуацијата во која ќе биде мало диктаторче над “своите“ по принципот раздели па владеј.

Заради ова Албанците во Македонија треба да излезат во огромен број во поддршка на   демократијата и владеењето на правото, кои можат да бидат обезбедени единствено со смена на власта и повторно градење на институциите на демократскиот систем.

 

Leave a comment

Your email address will not be published.