ПССССТ. НЕ ВИКАЈТЕ. МОЖЕ ДА ГО РАЗБУДИТЕ НАРОДОТ

Директорката на домот за деца без родители „11 Октомври“, Ристенка Атанасова, ни соопшти дека народот не треба да се вознемирува. Во новогодишното обраќање пред своите штитеници (деца на возраст од 4 години па нагоре) и пред нејзиниот очигледно мил п

a

 

ремиер Никола Груевски, таа не информираше: „Треба малку да се опаметат – сега јас малку и политика во
ова ќе внесам, меѓутоа еве навистина да покажеме еве колку е поубаво кога сме сите сложни, кога заедно пееме, се радуваме. А тие нека си мислат зошто во најголемите пости го вознемируваат народот“.

extract_from_114_113_PRAZNUVAME ZAEDNO_1__113_PRAZNUVAME ZAEDNO_1_6857Ова е најдобра приказ зошто се гаснат критичките медиуми, зошто сме преплавени од владини лигави реклами, зошто Владата плаќа силни пари за патетични спотови и себепромоција.

 

Народот треба да се држи заспан. Треба да му се пеат песмички. Најдобро е секој граѓанин да добие по едно пакетче дијазепам и блажената насмевка на лицето е обезбедена.

sirotinja-2 (1)Според ВМРО-ДПМНЕ и актуелната власта заедно со сите ристенки кои ги негуваат, само непријатели на оваа држава и на овој народ си дизволуваат да му кажуваат на народот дека некој го краде, дека некој го мами, дека некој му ја цица крвта капка по капка до смрт. Само непријатели на народот викаат, крескаат, тропаат, ѕвонат, пеат, прават глупости се само да го разбудат од слаткиот сон. Само непријатели на народот се загрижени дали тој народ воопшто ќе успее да излезе од омаменоста и повторно ќе зачекори во реалноста или пополека едноставно потполно ќе замре и ќе исчезне.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAЈас сум таков непријател на народот. И сум непријател на сите Ристенки кои со своите слатки зборови се обидуваат да го еутанизираат мојот народ без да има шанси да реши самиот за себе што навистина сака. И и објавувам војна на Ристенка и нејзините другарчиња. И ќе викам и цркам, и ќе го тресам мојот заспан народ и ќе ги трпам неговите поспани пцуења и навреди. Затоа што го сакам и не сакам да умре.

Leave a comment

Your email address will not be published.