ФИЛТЕР

Од осамостојувањето на Република Македонија до денес формално и неформално ги набљудувам изборите во Македонија.

Врз основа на моето теориско и практично знаење можам со сигурност да тврдам дека се ова најнерегуларните, најнедемократските и најнеправните избори кои биле спроведени во Република Македонија. Независно од отсуството на видливи човечки жртви и отсуството на отворено физичко насилство, ова се и најнасилните избори ако се има предвид нивото на заплашување, закани, уценување и мобинг кои се манифестираа во предизборниот и изборниот процес.

Кој учествуваше во победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори 2013 и воспоставувањето на систем на едноумие каков што во Македонија немало откако постои како држава (односно, од 1945-тата па наваму)

Прво, тоа е огромниот број сиромашни луѓе кои го дадоа својот глас за ВМРО-ДПМНЕ за ситни пари, придобивки или бенефиции. Најголем дел од лумпенпролетерјатот кој се регрутира од  оние 32% луѓе кои живеат под прагот на сиромаштија во Република Маедонија.

Второ, тоа се оние чија егзистенција може да биде непосредно загрозена доколку не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Голем дел од јавната администрација, пониски ешалони на државната администрација и буџетски зависници.

Трето, тоа се неуките, оние кои немаат доволно знаење или информации за да разберат дека со гласањето за ВМРО-ДПМНЕ гласаат за  опција која во многу краток период ќе се покаже како негативна за нив самите. Оваа категорија се регрутира од пензионери, земјоделци, домаќинки.

Четврто, тоа се сите криминалци, хоштаплери, поситни и поголеми измамници кои на победата на ВМРО-ДПМНЕ гледаат како на супер шанса за непречено лажење, мамење, крадење.

Петто,  тоа се интелектуалците, луѓето со вистинско образование и средна и повисока линија на државни и јавни администратори. Тоа се оние кои и покрај тоа што многу добро разбираат што се случува и каде води севластието на ВМРО-ДПМНЕ решаваат да тргнат по линијата на послаб отпор и заради малодушност или чисто користољубие, избираат да бидат поткупени. Тоа се професори од Универзитетот св. Кирил и Методиј кои молчат кога власта атакува врз автономијата на Универзитетот и гласаат за истата таа власт се со цел да бидат оставени на мира. Тоа се професори на Универзитетот св. Климент Охридски кои не се спротиставуваат на незаконската промена на деканката на Факултетот за безбедност и кои со гласот за ВМРО-ДПМНЕ си ја купуваат личната сигурност. Тоа се функционери во Министерството за надворешни работи кои меѓу двата изборни круга ги назначуваат за генерални конзули како награда за учество во изборната измама (директна или индиректна). Тоа се членови на квазинезависни контролни тела кои допрва ја очекуваат наградата за отворената поддршка на изборната измама. Тоа се претставници на невладини организации кои спроведуваат нарачани и наместени истражувања и потоа нагло градат дипломатска кариера. Тоа се мои пријатели и соработници кои си ја направија рачуницата и решија дека чесноста и принципите се преценета работа во денешно време.

Да ви кажам право меѓу она што остана после филтрирањето има здраво семе кое ветува. И кое ако биде добро засеано и негувано може да даде супер плод.

Она што ме плаши се петтата колона, кратката меморија на луѓето и способноста на трулежот да се инфилтрира и да просперира во секоја структура. И одново и одново да профитира, да се искачува на грбовите на останатите и да ја држи главата на површината туркајки го народецот неповратно надоле. Овој трулеж може да го зарази и најздравото семе и да уништи цела берба. За деканска функција, за професорско место, за место генерален конзул, на пример, во Истамбул, за дипломатска функција, за ситен бизнис.

Сега е време дасе идентификува трулежот. И дасе отстрани. Затоа што трулежот или се отсекува во потполност и се фрла или нема спас и за најздравата структура.

54 total views, 1 views today

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.