МАКЕДОНИЈА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА

Владата продолжува да го руши правниот систем на државата. Не, тоа не е правиот израз. Владата продолжува да си игра мајтап со правниот систем на државата. Не, ни ова не е добро. Државата ги д… граѓаните во здрав мозок а овие од задоволство стенкаат. Е, ова е прав израз за она што ни го прави државата и на нивото на она што го прави и соодветно на можностите за реакција кои ни стојат на располагање.

На страната на Владата и во повеќе медиуми се појави отворен конкурс за раководни места во повеќе државни органи. Што ја поттикна Власта која смета дека градоначалниците не треба да се избираат од страна на граѓаните и дека народниот правобранител треба да биде именуван, а не избран на конкурс, да распише ваков конкурс?

Дали е тоа желбата за мајтапење со кутрите неуки овци кои некои ги нарекуваат граѓани?

Дали е тоа само уште еден начин да се постават на раководни позиции кадри кои појма немаат каде се и што треба да работат и како такви се одличен материјал за актуелната владејачка структура?

Дали треба да се платат ветувањата од изборите?

Сигурно од се по нешто. Впрочем имавме можност да видиме во неколку наврати како карактеристиката: послушен/послушна и лојален/лојална ставена во биографиите на кандидатите има поголема тежина од сето образование, искуство и вештини собрани заедно.

Она што мене ме мачи е најотвореното кршење на законите.

Само како пример ќе се задржам на делот на конкурсот кој се однесува на амбасадорските места.

Во законот за надворешни работи (колку и да е и самиот лош и недоречен) е измислен збир од критериуми и посебна процедура за избор на амбасадори што со овој конкурс се едноставно избришани.

Критериуми

Конкурс на Владата

Закон за надворешни работи

НЕ ТРЕБА да е државјанин само на Република Македонија
Високо образование да има завршено високо образование
Да владее со 2 странски јазика од кои еден во службена употреба во ООН 

 

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПОСЕБНИ СЕРТИФИКАТИ

да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, и тоа ако:1) се упатува на мандат во земја од англиско говорно подрачје да поседува еден од следниве сертификати: ЦАЕ (CAE), ИЕЛТС (IELTS), ТОЕФЕЛ (TOEFL),ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL CBT), ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) или друг меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик издаден од европски или глобален јазичен тестатор, со ниво на познавање еквивалентно на Ц1 (C1) ниво на ЦЕФР (CEFR) и2) се упатува на мандат во земја од неанглиско говорно подрачје да поседува еден од следниве сертификати: ЦАЕ (CAE), ИЕЛТС (IELTS), ТОЕФЕЛ (TOEFL),ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL CBT), ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) или друг меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик издаден од европски или глобален јазичен тестатор, со ниво на познавање еквивалентно на Б1 (В1) ниво на ЦЕФР (CEFR),
НЕМА ПОТРЕБА ОД ОВА да познава втор странски јазик различен од англискиот и тоа еден од официјалните јазици на Обединетитe нации или на Европската унија на ниво еквивалентно на нивото Б1 на ЦЕФР (CEFR), што се докажува со сертификат издаден од јазично училиштен
НЕМА ПОТРЕБА ОД ОВА да го познава службениот јазик на земјата на приемот, на ниво еквивалентно на нивото А1 на ЦЕФР (CEFR), што се докажува со сертификат издаден од јазично училиште најдоцна еден месец пред упатувањето на должност, ако службениот јазик на земјата на приемот е различен од јазикот наведен во алинејата 2 на овој став
Работно искуство најмалку 5 годиниНЕМА ПОТРЕБА ОД СООДВЕТНО ИСКУСТВО И КАРИЕРА да има стекнато високо дипломатско звање, во случај кога кандидатот за амбасадор е од составот на дипломатско-конзуларните службеници, односно да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи
НЕМА ПОТРЕБА ОД ОВА да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
НЕМА ПОТРЕБА ОД ОВА да има соодветен безбедносен сертификат

 

Во Министерството за надворешни работи како дипломат може да се вработи лице кое исполнува редица критериуми (Општи:да е државјанин на Република Македонија; да е полнолетен; да има општа здравствена способност и да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни: да има високо образование; да не е член на орган на политичка партија на републичко ниво; да има потребно работно искуство во струката соодветно на видот на образованието доколку е предвидено во актот за систематизација на работните места во Министерството; активно да владее два странски јазици од кои задолжително еден од официјалните јазици на Организацијата на Обединетите нации и да има соодветен безбедносен сертификат.

За да бидеш вработен преку Владата треба “силно да веруваш во сопствениот капацитет“

Вработувањето на дипломат во Министерството се врши врз основа на јавен оглас за слободно работно место кој содржи назив на работното место, краток опис на работното место, општите и посебните услови предвидени во овој закон, рок за пријавување како и други информации од важност за огласот.

Владата распишува конкурс кој не содржи ништо.

Кога вработува Министерството, тогаш Министерот формира комисија за спроведување на постапката за избор на кандидат по објавен оглас (во натамошниот текст: комисијата) која е составена од претседател и два члена. Претседател на комисијата е директорот за организациони работи, a членови се раководителот на службата за човечки ресурси и претставник од организационата единица за каде што е објавено слободното работно место. По потреба, за проверка на знаењата на кандидатите, како членови на комисијата може да се вклучат и експерти од областа која е во делокруг на работното место за кое се објавува огласот. Комисијата спроведува испит и интервју во рок од 30 работни дена од денот на завршувањето на огласот со цел за проверка на знаењата на кандидатот потребни за работното место за кое е објавен огласот. Испитот се состои од два дела од кои едниот дел е проверка на знаењата од делокругот на работното место, а вториот дел е проверка на знаењето на јазиците.  Начинот на спроведување на испитот и интервјуто се утврдува со акт на министерот. По спроведувањето на испитот и интервјуто, комисијата во рок од пет работни дена до Државниот секретар доставува ранг-листа од најмногу пет најуспешни кандидати. Државниот секретар во рок од 15 дена од добивањето на ранг-листата, врши избор на кандидат. Во рок од осум дена од извршениот избор, избраниот кандидат се тестира со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, спроведен од лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција ангажирани од страна на министерството, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот. Ангажираното лиценцирано стручно лице во мислењето од спроведениот единствен психолошки тест ја проценува соодветноста на кандидатот за работното место за кое е избран и истото го доставува до државниот секретар. Доколку во мислењето е проценето дека кандидатот не е соодветен за работното место, извршениот избор на кандидатот се поништува.

Ништо од сето ова не е потребно кога вработува Владата.

Според Законот за надворешни работи лице кое за прв пат се вработува и нема претходно работно искуство се вработува како приправник. Лице кое се вработува со претходно работно искуство, се вработува на пробна работа за работното место за кое е објавен огласот. Како работно искуство, во смисла на овој закон, се смета искуството стекнато во областа на надворешните работи, меѓународното право, меѓународните односи, вклучително и меѓународните економски односи.

За да те вработи Владата треба да бидеш уверен во сопствените менаџерски способности лидерски вештини, способност за тимска работа и да дадеш чесен Груевски збор дека си спремен за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата на Република Македонија.

Вработениот според Законот за надворешни работи е должен да полага дипломатски испит најрано во рок од шест месеци од денот на завршувањето на приправничкиот стаж, а најдоцна во рок од 12 месеци. За положениот дипломатски испит на вработениот му се издава уверение и се стекнува со дипломатско звање аташе. Доколку вработениот и по втор пат не го положи дипломатскиот испит му престанува работниот однос во Министерството. Програмата за полагање на дипломатскиот испит се утврдува со акт на министерот.

За да бидеш вработен од Владата треба да ги поддржуваш нејзините политики.

Лицето кое се вработува според Законот за надворешни работи а има претходно работно искуство, се вработува на пробна работа за работното место за кое бил објавен огласот.Пробната работа трае шест месеци и за тоа време на вработениот му се исплатува плата во висина од 80% од компонентата за работно место. За време на пробната работа на вработениот му се одредува ментор од редот на раководните дипломати од Директоратот каде што ја извршува пробната работа. Менторот ја утврдува програмата и начинот на обуката. По истекот на обуката менторот подготвува извештај за спроведената обука и оценува дали обуката е спроведена успешно. Најрано три месеци од денот на успешното завршување на пробната работа, а најдоцна шест месеци, вработениот полага дипломатски испит. Доколку лицето кое се вработува на пробна работа, не ја заврши успешно пробната работа и добие негативна оцена од менторот нема право да полага дипломатски испит и му престанува вработувањето во Министерството. За положениот дипломатски испит на вработениот му се издава уверение и се стекнува со дипломатското звање за кое ги исполнува условите согласно со овој закон, но не повисоко од звањето советник и не пониско од звањето трет секретар. Доколку вработениот не го положи дипломатскиот испит, му престанува работниот однос во Министерството со решение кое го донесува министерот. Против решението за престанок на работниот однос не е дозволена жалба. Ако на вработениот му се утврди дипломатско звање советник, тој е должен да полага советнички испит од членот 64-г став 3 од овој закон најрано шест месеци од полагањето на дипломатскиот испит, а најдоцна во рок од една година од полагањето на дипломатскиот испит. Доколку не го положи советничкиот испит во утврдениот рок, на вработениот му се утврдува звање прв секретар.

Вработениот од Владата треба да има мотивациско писмо.

Редовно преминување во непосредно повисоко дипломатско звање се врши по истекот на одреден период во звање, позитивни оцени за работењето во тој период, успешно поминати обуки кои Министерството ги организира за своите вработени, односно:
а) дипломат по помината една година во звањето аташе, се стекнува со звање трет секретар;
б) дипломат по поминати две години во звањето трет секретар, се стекнува со звање втор секретар;
в) дипломат по поминати три години во звањето втор секретар, се стекнува со звање прв секретар;
г) дипломат по поминати три години во звањето прв секретар и положен советнички испит, се стекнува со звање советник;
д) дипломат по поминати четири години во звањето советник, се стекнува со звање министер советник;
ѓ) дипломат по поминати пет години во звањето министер советник и одбранет труд, се стекнува со звање ополномоштен министер и
е) дипломат по поминати шест години во звањето ополномоштен министер и одбранет амбасадорски труд, се стекнува со звање амбасадор во Министерството.

Програмата за полагање на советничкиот испит, како и одбраната на трудовите од ставот 2 точки ѓ) и е) на овој член, се утврдува со акт на министерот. Доколку дипломатот добие негативна оцена за работењето, периодот за премин во повисоко дипломатско звање се продолжува за онолку години за колку што имал негативна оцена. Решение за преминување во непосредно повисоко звање донесува министерот.

Владата доделува дипломатско звање по своја желба.

Дипломатот има право да се пријави на конкурсот, доколку:

а) ги исполнува условите предвидени од конкурсот за упатување во дипломатското конзуларно претставништво, вклучително го поседува соодветното дипломатско звање, б) е државјанин на Република Македонија и да не е државјанин на земјата на прием. в) владее странски јазици, и тоа: – да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, и тоа ако: 1) се упатува на мандат во земја од англиско говорно подрачје да поседува еден од следниве сертификати: ЦАЕ (CAE), ИЕЛТС (IELTS), ТОЕФЕЛ (TOEFL), ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL CBT), ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) или друг меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик издаден од европски или глобален јазичен тестатор, со ниво на познавање еквивалентно на Ц1 (C1) ниво на ЦЕФР (CEFR) и 2) се упатува на мандат во земја од неанглиско говорно подрачје да поседува еден од следниве сертификати: ЦАЕ (CAE), ИЕЛТС (IELTS), ТОЕФЕЛ (TOEFL), ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL CBT), ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) или друг меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик издаден од европски или глобален јазичен тестатор, со ниво на познавање еквивалентно на Б1 (B1) ниво на ЦЕФР (CEFR), – да познава втор странски јазик различен од англискиот, и тоа еден од официјалните јазици на Обединетите нации или на Европската унија, на ниво еквивалентно на нивото Б1 на ЦЕФР (CEFR), што се докажува со сертификат издаден од јазично училиште и – да го познава службениот јазик на земјата на приемот, на ниво еквивалентно на нивото А1 на ЦЕФР (CEFR), што се докажува со сертификат издаден од јазично училиште најдоцна еден месец пред упатувањето на должност, ако службениот јазик на земјата на приемот е различен од јазикот наведен во алинејата 2 на овој став; г) има позитивна оцена за работењето во претходната година; д) пред првото упатување да поминал на работа во Министерството најмалку две години и ѓ) при повторно упатување да поминале најмалку 24 месеца од денот на завршувањето на претходниот мандат. Постапката за спроведување на изборот ја води комисија формирана од министерот со која раководи државниот секретар. Комисијата донесува одлука за избор на дипломат, која се објавува на внатрешната интернет страница на Министерството.

Вработениот преку Владата нема потреба од ништо вакво.images

ЈАС ОД МАЛЕЧКА САКАВ ДА БИДАМ БАЛЕРИРА И СО НЕТРПЕНИЕ ГО ЧЕКАМ КОНКУРСОТ НА ВЛАДАТА ЗА БАЛЕРИНИ. МОТИВАЦИОНОТО ПИСМО МИ Е СПРЕМНО, ВЕРУВАМ ВО СВОИТЕ МОЖНОСТИ И КАПАЦИТЕТИ И СПРЕМНА СУМ ЗА ТЕМЕЛНА ПОСВЕТЕНОСТ ВО ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПОЛИТИКАТА НА МОЈАТА ВЛАДА. 

 

Leave a comment

Your comment