ЛИЦЕМЕРИЕ

Многу сакам кога ќе ме поканат на бесмислени настани подготвени за перење на совест и без никакво реално влијание врз секојдневните проблеми.

Како таков го перцепирам овој под наслов: Скопје на точак. 

Јас сум многу голем поклоник на промовирање на велосипедот како превозно средство, меѓутоа не во услови кога е тоа апсолутно изигрување на реалноста.

Во моментов во Македонија не е работата да ги убедиме луѓето повеќе да возат велосипеди туку да се создадат елементарни услови за тоа.

Ова значи дека не треба да се возикаме низ улиците на Скопје и да зрнкаме со звончиња туку да ги атакуваме сите оние кои го оневозможуваат тоа, кои ги доведуваат во опасност сите кои се на велосипед и кои се задолжени да го штитат законот а наместо тоа го прекршуваат.

Кога ќе се организираат сериозни протести со ваква цел, јас сум тука, а да се возикам наоколу со Коце Трајановски или некој друг шалабајзер кој очигледно си прави мајтап со мене – немам намера.

Во прилог само дел од фотографиите од велосипедските патеки по кои се движам:

Picture1

Picture2Picture3Picture4Picture11Picture10Picture8Picture5Picture7Picture6

Leave a comment

Your email address will not be published.