ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЛАЧКО И НОВИНАРИТЕ КОИ НЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА

Претседателот Иванов го откажа самитот на шефови на држави и влади од Југоисточна Европа, кој требаше да се одржи во Охрид на 1 и 2.06.2013 год.

Не знам што повеќе ме изнервира: Ѓорѓе плачкото или новинарите кои го пренесуваат.

Во сите медиуми е пренесена патетичната изјава на кутрото човече кое диктатурата на власт ни го наметна за претседател на државата. Се спомнува откажувањето на неколку претседатели. И толку. Во ниту еден медиум нема ниту минимална информација за тоа што претставува воопшто оваа регионална структура, кој членува во нејзе, како се одржуваат и организираат средбите и дали Иванов навистина смеел да го откаже туку така самитот или е ова уште еден од бројните смешни и трагични гафови на морончето во претседателската фотелја?

  1. Процесот за соработка во Југо-Источна Европа е форум за дипломатски и политички дијалог
  2. Во него членуваат 12 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора.
  3.  Работата се одвива на неколку нивоа:

-        Годишни состаноци на шефови на држави или влади

-        Годишни состаноци на министри за надворешни работи

-        Секторски средби на министри

-        Средби на политички директори од министерствата за надворешни работи

-        Годишни средби на претседатели на парламенти

4. На ниту една од средбите не присуствувале сите претседатели на држави или влади. Важно е да присуствува земјата на некое (приближно соодветно ниво). На пример на самитот во Црна Гора одржан во 2011 год. присуствувале и претседатели и премиери и претседатели на парламентарни собранија и министри за надворешни работи и државни секретари. Всушност присуствувале само 5 претседатели на држави.

Прашањата што треба да се постават се:

– Колку претседатели на држави/влади најавиле присуство?
– Дали тие кои не присуствуваат на ниво на претседател дале соодветна замена?
– Со кое право се откажува самитот (не е ова маалски фудбал па сега си играм сега не си играм)?
– Во случај на откажување, што станува со останатите кои потврдиле присуство?
– Што станува со целиот процес ако секој претседател си откажува самит затоа што не го играат другарчињата кои тој сака да го играат?
– Ако имало откажувања, дали не треба да се побара нечија одговорност внатре во државата, а не да се плаче и цимолка наоколу?

Leave a comment

Your email address will not be published.