ЈАВНА РАСПРАВА – ШТО БЕШЕ ТОА?

Законот за прекин на бременост сепак ќе оди на јавна расправа. Јавна расправа за Законот за распродажба на државната земјоделска земја.  Јавна расправа за Законот за медиуми.

Јавна расправа до јавна расправа. Владата ги слуша граѓаните. Човек навистина помислува дека демократијата цвета во државичето Македонија.

idei_4-500

Садачите на палми и нашите кутри политичари кои се изложени на отворен потсмев од страна на дипломатите во нивната сопствена држава (независно од тоа дали го разбираат или не потсмевот), очигледно слушнале дека треба/мора да има јавна расправа (посебно кога тоа го бараат граѓаните со свиркање пред Собранието) и прогласуваат дека е закажана/одржана ваква расправа. И како и се останато во ова државиче со кецарошката власт на чело станува збор за фарса. Станува збор за колачиња од кал кои дечурланата од власта ни ги продава како витински и уште и не тера да ги јадеме и како врв dscf3618-300x225на се да искажуваме нескриено задоволство од нивниот вкус.

Јавната расправа е сериозна алатка на современата демократија. Таа се развивала и градела како дел од процедурите на нормирање на односите меѓу луѓето и на контрола над властодржците.

За нешто да биде наречено јавна расправа тоа мора да исполнува одредени стандарди и да биде направено на соодветен начин.

Само како пример, критериумите за одвивање на јавна расправа во Велика Британија:

Кога да се изврши расправата: формалната расправа треба да се одвива во моментот кога има услови да се направи влијание на резултатот на политичкото делување

ВО ПРЕВОД – НЕ ЗА ВРЕМЕ ИЛИ НЕПОСРЕДНО ПРЕД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА СКРАТЕНАТА ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДРЕДЕН ЗАКОН

Колку треба да трае расправата: нормално треба да трае најмалку 12 недели со можност за подолг период таму каде што е можно и соодветно

ВО ПРЕВОД – НЕ ЕДЕН СОСТАНОК, ЕДНА СРЕДБА, ЕДЕН ДЕН

Прецизност на обемот и влијанието – документите за јавна расправа треба да бидат јасни во однос на самиот процес, што се предлага, кој е обемот на влијанието и очекуваните бенефиции и чинење на предлозите

ВО ПРЕВОД – СЕ ПРАВАТ ПОСЕБНИ ДОКУМЕНТИ СО КОИ ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗАПОЗНАВААТ ЗА ДА МОЖАТ ДА РАСПРАВААТ ЗА КОНКРЕТНА МАТЕРИЈА

Достапност на процесот на јавна расправа – процесот мора да биде направен на начин кој овозможува достап и јасно да ги таргетира оние луѓе за кои е наменет

ВО ПРЕВОД – СЕ ПРАВИ ЈАВНА РАСПРАВА СО НАЈЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ И САМАТА ЈАВНА РАСПРАВА ТРЕБА ДА ОВОЗМОЖИ ШТО Е МОЖНО ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД НИВ ДА ЗЕМАТ УЧЕСТВО

Товар на јавната расправа – да биде минимален  за оние кои се консултираат со цел расправата да биде ефикасна и да се оствари процесот во целина

ВО ПРЕВОД – НЕ СМЕЕ ЈАВНАТА РАСПРАВА ДА БИДЕ НАПРАВЕНА НА НАЧИН КОЈ ЌЕ ИМ ГО УСЛОЖНУВА ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ И ЖЕ ИМ ОДЗЕМА ПРЕМНОГУ ВРЕМЕ ИЛИ НА БИЛО КОЈ НАЧИН ЌЕ ПРЕТСТАВУВА ТОВАР ЗА НИВ

Одзив на јавната расправа – одзивот мора да се анализира внимателно и да постои јасна повратна информација за оние кои учествуваат во јавната расправа

ВО ПРЕВОД – МАЛИОТ ОДЗИВ Е СИГНАЛ ЗА ПРОБЛЕМ, А СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ МОРА ДА БИДАТ ИЗВЕСТЕНИ ЗА ПРОМЕНИТЕ НАПРАВЕНИ ВРЗ ОСНОВА НА НИВНОТО УЧЕСТВО

Капацитет за јавна расправа – службениците кои ја водат јавната расправа треба да имаат насоки како да водат ефективна јавна расправа и да споделуваат што научиле од сопственото искуство

ВО ПРЕВОД – МОРА ДА ИМА ПОСЕБНО ОБУЧЕНИ ЛУЃЕ КОИ ЌЕ ГИ ВОДАТ РАСПРАВИТЕ, ЌЕ ГИ СУМИРААТ РЕЗУЛТАТИТЕ, ЌЕ ПОДНЕСУВААТ ИЗВЕШТАИ И ЌЕ ДАВААТ ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА

За разлика од ова, во Македонија јавната расправа  е играчка со која се манипулира неукиот 437_10151466971065905_803450849_nнарод и му се создава привид на демократска процедура. И за разлика од ова, недокваканиот министер ја користи единствената средба која е наречена јавна расправа да се кара со учесниците, да ги навредува и да им кажува најотворено дека тие можат што сакаат да си кажат, меѓутоа решението е веќе донесено.

 

Впрочем, тој воопшто не е ниту единствен во тоа.

И ако некој се уште тврди дека во Македонија има јавна расправа, тој или појма нема што е демократија и јавна расправа во едно демократско општетсво или е едноставно на платен список на ВМРО-ДПМНЕ. Трето нема.

Leave a comment

Your email address will not be published.