ВО СПОМЕН НА МИЛКА ТОДОРОВСКА

Во саботата (8.06.2013) почина мојата свекрва Милка Тодоровска. Picture1

Тоа е жена која ме задолжила на повеќе начини и секогаш со огромна почит ќе се сеќавам на неа.

Прво како мајка на мојот сопруг која го родила и го воспитала да биде непомирлив борец за правдина и непомирлив противник на било кој облик на насилство врз послабите.

Второ, како интелектуалец кој работел на исклучително важен период од развојот на македонската државност, Втората светска војна и Народноослободителната борба во Македонија.

Трето, како наставник по историја кој влијаел на генерации и генерации млади луѓе со своето знаење, својата професионална посветеност и авторитет базиран на почит и љубов, а не на страв и омраза.

За мене Милка Тодоровска никогаш не стана свекрва во вистинскиот смисол на зборот. Таа секогаш остана наставничката по историја која направи да ја засакам историјата и да ја погледнам иднината низ призмата на минатото.

Збогум наставничке.

Leave a comment

Your email address will not be published.