НЕ Е САМО ИМЕТО ВО ПРАШАЊЕ, или, ЗОШТО ВЛАСТА ГО ЗАБОШОТИ ПОПИСОТ

 Парламентарното Собрание на Советот на Европа донесло резолуција со која и се наложува на Македонија да го направи пописот на населението во најкраток можен рок.

Оваа резолуција не се појави во владините соопштенија. Премиерот не ја спомна, а ни министрите. Па и новинарите не се испотепаа да ја објават.

Пописот е една од алатките на современите општетства во развојот на политиките. Едноставно не може да се замисли цивилизирана држава во која на секои 10 години не се врши попис кој овозможува собирање на податоци кои ќе помогнат во евалуациите и  ќе ги овозможат стратегиите.

Пописот е уреден со закон: ЗАКОН ЗА ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2011, Службен весник на РМ, бр. 156 од 6.12.2010 година.

Во Македонија пописот беше прекинат без никакво објаснување. И прекинувањето беше озаконето: ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2011, Сл. Весник на Р. Македонија, бр.36 од 23.03.2011 година.

А на крај беше донесен и: ЗАКОН ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2011 ГОДИНА (донесен на седница на Собранието на Република Македонија одржана на 15 октомври 2011 година. Број 07- 4294/1).

И после тоа – МОЛК.

Поминаа 2 години.

Народецот заборави. Власта забошоти. За новинарите стара вест.

Ама овие од Европа не можат да не вбројат во редот на цивилизирани држави без попис.

И секако се поставува прашањето: кој се плаши во Македонија да се спроведе попис:

1. Зошто Владата на Груевски не спроведува попис?

2.ЗОШТО БИЛ ПРЕКИНАТ ПОПИСОТ ВО 2011

3. Има ли сега клима за нов попис

4. Избори без попис како Прометеј без пенис

5. Ако имаше попис,процентот на Албанците во Скопје ќе паднеше под 20 отсто

6.  Новковска: Попис само кога ќе се исполнат меѓународните стандарди

Па ако не исполнуваме елементарни стандарди за спроведување на еден попис (ова според претставник на власта), тогаш од каде ни паѓа на памет дека сме спремни за влез во ЕУ?

Ако оваа власт не може да спроведе наједноставен попис, тогаш што навистина може да направи (се разбира крадењето не се рачуна, бидејки тоа го прави секоја криминална група, односно, не мора злосторничкото здружување да се вика држава). И, ако оваа влст не знае како да го преброи сопственото население, тоагаш како можев оопшто да развива било какви стратегии и политики? И ако оваа влста нема сили да спроведе попис, тогаш како можам да имам елементарна сигурност на нејзината територија.

И, ова нема врска со името. Ама има врска со елементарните цивилизациски претпоставки за функционирање на една држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.