КОГА УСТАВНИТЕ СУДИИ НЕ ГО ПРЕПОЗНАВААТ ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ПРАВОТО ОСТАНУВА ДА СЕ РУШИ

ИНИЦИЈАТИВА ПОДНЕСЕНА ПРЕД ДА БИДЕ ИЗГРАДЕН ЕДЕН ЕДИНСТВЕН СПОМЕНИК НА КУТРИОТ ПЛОШТАД ВО КУТРОТО СКОПЈЕ ВО КУТРАТА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА.

И Т Н О  Е!

ВРЕМЕНА МЕРКА

ДО

УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – С К О П Ј Е

Врз основа на член 50 став 3 од Уставот на Република Македонија и член 12 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија,, број 70/1992), поднесуваме

И  Н  И  Ц  И  Ј  А  Т  И  В  А

за ПОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКА за оценување на уставноста и законитоста на:

 

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Крсте Петков Мисирков, број 07-987/5 од 16.05.2007 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје  (,, Сл. гласник на Општиона Центар,, бр. 5/2007),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на македонскиот ајдутски арамбаша Карпош, број 07-987/7 од 16.05.2007 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 5/2007),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Никола Карев, број 07-2574/2 од 18.12.2007 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, број 14/2007),

-             Одлуката за подигање спомен обележја на Гоце Делчев и Даме Груев, број 07-2574/4 од 18.12.2007 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 14/2007),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на загинати припадници на МВР, број 07-2575/2 од 20.12.2007 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 14/2007)

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Цар Самоил, број 07-648/4 од 14.03.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 3/2008),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Методија Андов-Ченто, број 07-648/6 од 14.03.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 3/2008),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Гемиџиите, број 07-1681/9 од 27.06.2008 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 6/2008),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на македонскиот ајдутски водач Карпош, број 07-1681/11 од 27.06.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 6/2008),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Царот Јустинијан  I, broj 07-1768/6 oд 09.07.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 7/2008),

-             Одлука за подигање спомен обележје – скулптура на Воин, број 07-1768/8 од 09.07.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 7/2008),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Св. Кирил и Методиј, број 07-2162/20 од 29.08.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. весник на РМ,, бр. 8/2008),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Св. Климент и Наум Охридски, број 07-2162/22 од 29.08.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 8/2008),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Македонските бранители, број 08-2162/24 од 29.08.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 8/2008),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Паднатите херои за Македонија, број 07-2766/5 од 06.11.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 10/2008),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Основачите на Македонската Револуционерна Организација, број 07-2766/7 од 06.11.2008 година (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 10/2008),

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Првото заседание на АСНОМ, број 07-2766/9 од 06.11.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, бр. 10/2008)  и

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Тарас Шевченко, број 07-2766/11 од 06.11.2008 година, донесена од Советот на Општината Центар-Скопје (,,Сл. гласник на Општина Центар,, број 10/2008).

Сите овие 18 одлуки се донесени  од Советот на Општината Центар, врз основа на член 18 ставовите 1 и 2 од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата (,,Сл. весник на РМ,, бр.66/2004 и 89/2008), според кои за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на спомен-обележје, советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје донесува одлука (став 1). Советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје именува Одбор за подигање на спомен-обележје.

Меѓутоа, настаните и личностите кои се наведени во оспорените одлуки не се од локално значење, туку, напротив,  истите се од исклучително значење за Република Македонија. Законот многу јасно во својот член 4 дефинира дека спомен-обележјата се однесуваат на личности и настани од локално значење, додека со својот член 3 ги дефинира меморијални споменици како поединечни или група објекти и монументални дела од архитектурата, склуптурата, сликарството и применетата уметност со историски и уметнички содржини и вредности што се подигаат за трајно зачувување на споменот на настаните и личностите од членот 2 на овој Закон, а кои се од исклучително значење за Република Македонија. (став 1). Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик  треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата (став 2).

Согласно со наведеното, Советот на Општината Центар-Скопје не бил надлежен да ги донесе оспорените одлуки, бидејќи оваа материја е во исклучива надлежност на Собранието на Република Македонија, како што е предвидено и со одредбите на член 5 став 1 и  членовите 6-16 од наведениот Закон.

Имено, според член 5 став 1 од Законот, меморијален споменик може да подига  Собранието на Република Македонија, согласно со овој закон.

 Согласно на тоа, Советот на Општината Центар-Скопје, во случајот ги пречекорила своите надлежности, кога ги донела оспорените одлуки.

Според тоа, со оспорените одлуки се повредува член 8 став 1 алинеја 3, член 51 и член 56 од Уставот на Република Македонија како и наведените одредби Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата.

Врз основа на изнесеното, му предлагаме на Уставниот суд на Република Македонија да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на:

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Крсте Петков Мисирков,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на македонскиот ајдутски арамбаша Карпош,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Никола Карев,

-             Одлуката за подигање спомен обележја на Гоце Делчев и Даме Груев,

-             Одлуката за подигање спомен обележја на загинати припадници на МВР,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Цар Самоил,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Методија Андов-Ченто,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Гемиџиите,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на македонскиот ајдутски водач Карпош,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Царот Јустинијан 1,

-             Одлуката за подигање спомен обележје – склуптура на Воин,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Св. Кирил и Методиј,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Св. Климент и Наум Охридски,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Македонските бранители,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Паднатите херои за Македонија,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Основачите на Македонската Револуционерна Организација,

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Првото заседание на АСНОМ и

-             Одлуката за подигање спомен обележје на Тарас Шевченко

и истите да се ПОНИШТАТ.

Воедно предлагаме, Уставниот суд на Република Македонија да донесе и решение за времена мерка за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија донесени, односно преземени врз основа на оспорените одлуки, бидејќи со нивното извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Leave a comment

Your email address will not be published.