ЗА КОМИСИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Наспроти медиумските известувања, наспроти однесувањето на претседателот и членовите на комисијата и наспроти однесувањето на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Комисијата за настаните од 24.12.2012 година, не е комисија за договарање, преговарање или изнаоѓање компромисни решенија.

Според официјалната страна на Претседателот на државата оваа комисија е формирана со цел:

1. Да се расветлат настаните кои се случија и кои претходеа на 24 декември 2012 година

2. Комисијата има “налог и задача да ги испита правните аспекти на настаните кои се случија на 24 декември минатата година“

3. “во рок од 60 дена треба да утврди факти без да носи политички заклучоци“

4. “расчистување на настаните“

НИКАДЕ НЕ СЕ СПОМНУВА КОМПРОМИС, ДОГОВАРАЊЕ ИЛИ ИЗНАОЃАЊЕ ПРИФАТЛИВО РЕШЕНИЕ. СЕ СПОМНУВААТ ФАКТИ, ПРАВНИ АСПЕКТИ, РАСЧИСТУВАЊЕ.

Комисијата е формирана со одредени од Претседателот именувани членови и секое проширување на составот со ојле и дојле од политичките партии е спротивно на формата во која е конституирана, односно, мора да се направи во согласност и со директно учество на Претседателот.

И секако, ако веќе комисијата е формирана од страна на Претседателот на државата, тој и единствено тој е повикан да реагира на нејзината злоупотреба, да се појави како фактор за откочување на работата и да ги врати на прав колосек изгубените овци кои седат во неа.

Ама то ако имавме претседател, а не шушумига која два пати дневно ја бакнува сенката на Груевски (еднаш на сабајле на гладно срце и еднаш навечер пред спиење).

Leave a comment

Your comment