РЕВОЛУЦИИТЕ НЕ СЕ СЛУЧУВААТ СЛУЧАЈНО

На денешен ден во 1917 година започнала големата револуција која го свртела светот на тумбе.

Picture1

Ленин

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Постоењето на такви огромни  разлики на едно место, морало да предизвика ерупција која се претворила во најголемото спротиставување на малиот човек на огромната моќ и богатство исправени пред него. За прв пат луѓето пробале еден идеал да го претворат во пракса. И се кренале.

Со оружје во рака и со верба дека можат да направат подобар систем кој ќе овозможи подобар и подостоинствен живот за луѓето. И започнала големата револуција.

Револуцијата била голема затоа што било големо страдањето кое стоело во нејзините основи.

Била голема заради огромниот број луѓе кој учествувал во неа.

Била Голема заради големината на идеите кои стоеле зад неа.

Била голема, заради големината на влијанието кое го извршила врз целокупниот развој на човештвото и новите перспективи на хуманоста кои ги отворила.

Била голема заради големината на направената промена во животот на луѓето.

Денес СССР веќе не постои и социјализмот го негираат како систем кој е во состојба да го замени капитализмот. Меѓутоа, големата Октомвриска револуција покажа дека работите можат да се сменат и дека големите нарушувања на достоинството на човекот, сведувањето на човекот на животинска егзистенција, огромните дискрепанци во распределбата на богатствата и континуираната состојба на страв доведуваат до револуција како неминовно разрешување на овие состојби.

Честит ден на големата револуција татко. И те уверувам, таа продолжува иако некогаш ти изгледа дека запрела. Начинот е поинаков но целта е иста: подобар и подостоинствен живот, за што е можно поголем број луѓе.

http://ajoydasgupta.wordpress.com/2013/11/07/defend-the-ideological-heritage-of-the-october-revolution/

http://www.workers.org/articles/2013/11/06/russian-revolution-changed-world-forever/

http://news.bigmir.net/world/770023-Segodnya-otmechaut-godovshiny-Oktyabrskoi-revolucii

http://topwar.ru/35629-den-oktyabrskoy-revolyucii-1917-goda-v-rossii.html

http://korrespondent.net/world/3204805-sehodnia-otmechauit-hodovschynu-oktiabrskoi-revoluitsyy

http://www.theguardian.com/world/2012/jul/04/the-return-of-marxism

Leave a comment

Your email address will not be published.