БЛАЗЕ СИ МУ НА ТОЈ НАРОД КОЈ СИ ИМА ПРАВОСУДНИ ОРГАНИ ДА ГО РАЗВЕСЕЛУВААТ

“Новиот“ закон за кривична постапка (донесен во 2010 година ама со одложена примена) претставува чекор напред во развојот на правосудниот систем во Република Македонија. Меѓутоа, јас имам три загрижи во врска со неговата примена:

1. Во самиот закон има системски грешки (пропусти) кои според мене можат да претставуваат сериозна пречка во доследната заштита на правата и слободите на луѓето. Само како пример ја издвојувам правосудната полиција.  Како и многу други добри идеи кои ќе ги дофати нашиот немушт законодавец, и оваа се претвора во фарса. Имено, основната алатка која што би требало да ја има јавниот обвинител во истрагата е всушност маша во рацете на владејачките структури. Со тоа што министерството за внатрешни работи определува кого, колку и како ќе го преземе јавниот обвинител, со тоа што овие луѓе се и остануваат вработени во министерството за внатрешни работи и со тоа што таму и ќе се вратат, всушност се гарантира нивната потполна зависност од ова министерство и се проблематизира било кое (макар и елементарно) ниво на независност (види чл. 45, 48, 50, 52). Дури и за дисциплинската одговорност не одлучува јавниот обвинител туку органот од кој доаѓаат и на кој всушност му припаѓаат.

Оваа и ваква правосудна полиција би требало да води истрага за високи функционери во власта? За случаи во кои се инволвирани нивните колеги полицајци? За случаи во кои е можно утврдување на прекршување на законот од страна на министерството за внатрешни работи?

2. Втората загрижа ми е поврзана со актуелната ситуација во јавното обвинителство. Имено, после 20 години градење на јавното обвинителство во самостојна Македонија конечно добивме јавно обвинителство кое е апсолутно послушно на политичката партија која во моментот се наоѓа на власт. Не постои ниту еден случај (апсолутно ниту еден ) во кој јавното обвинителство презело активност која е спротивна на волјата, интересите или потребите на владејачката политичка партија. Под чадорот на заштита секако се туткаат и сите владини медиуми, владини јадачи на бурек и гурабии како и сите можни хохштаплери, криминалци, прекршители на законот и нивните блиски, а кои на некаков начин се поврзани со владејачката партија.

Во услови на потполна партиска потчинетост на јавното обвинителство ни најдобриот закон не може да ги придвижи работите и да придонесе за подобра заштита на правата и слободите на луѓето.

3. Третата загрижа ми е поврзана со интелектуалните капацитети на најголемиот број учесници Picture1во правосудството. Скромните интелектуални капацитети на голем број јавни обвинители и судии навистина можат да бидат неисцрпен извор на смеа доколку нивните постапки не претставуваат грубо кршење на човековите права и слободи и доколку немаат толку трагични последици за голем број луѓе. Ама кога е смешно, смешно е.

Дури и на првиот ден од примената на “новиот“ закон имавме можност да слушнеме неколку бисери. Не знам за вас, ама јас слатко се изнасмеав кога слушнав дека примената на “новиот“ закон претставува историски момент во развојот на нашето правосудство. Очекувам во најскоро време да биде излеана и поставена биста на Зврлевски заедно со Беџети и Јанкуловска како спомен на овој историски датум.

“Законот за кривична постапка се применува, донесени се првите наредби. Направен е првиот записник за увид на лице место од страна на јавниот обвинител. Тие историски моменти поминаа без какви било недостатоци и верувам дека и во иднина тоа ќе биде така.

 Ова го изјави јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски по денеска оджаниот состанок со министрите за правда и за внатрешни работи Блерим Беџети и Гордана Јанкулоска и претставници на судството за новиот Закон за кривична постапка, чија примена почна од вчера, а со цел, вели, размена на првичните искуства и да се види дали има потреба од менувања или како би се одвивала соработката понатаму“

Уште повеќе ме развесели податокот дека е веднаш свикана средба со министрите за правда и внатрешни работи за да се анализираат сознанијата од првиот ден на примена на “новиот“ закон. Ахахахаха, тоа навистина ќе биде неверојатно обемна и продлабочена анализа на неверојатните искуства добиени од правењето на еден записник.

Ама, сепак најголем бисер беше изјавата на јавниот обвинител дека сознанијата добиени од оваа анализа ќе им послужат да решат дали се потребни нови промени. Ахахахаха. Македонија е единствена држава на светот во која се носи закон за чие менување се размислува уште од првиот ден на примена. Ахахахахахахахахахахахахахахах…!!!

Ма, важно е дека народот си е паметен и повторно ќе си го направи правиот избор.

Leave a comment

Your email address will not be published.