Мое мислење како експерт за човекови права за изјавата на Душко Миновски

За Душко наш – голем маж - upraven-odbor

Душко Миновски е претседател на Комисијата за дискриминација и советник во Министерството за труд и социјална политика. Тој од работното места добива плата со платени придонеси, а од комисијата зема хонорар, за кој нема да треба да плаќа дополнителни придонеси, за разлика од останатите граѓани кои не се избрани или именувани функционери.

„Ако треба да плаќам, ќе плаќам, не е тоа проблем. Но, не сум баш запознаен со овие измени. Како и да е, концептот на дискриминација е спрецифичен. Не секоја неправда значи и дискриминација. Сето ова влегува во контекстот на афирмативни мерки кои се во интерес на граѓаните. Точно е дека има чувство на нееднаквост, но станува збор за мала група граѓани кои се изземени, а целта на законските измени е сосема друга“, изјави Миновски за БИРН.

ШТО НИ КАЖУВА ДУШКО МИНОВСКИ СО ОВАА СВОЈА ИЗЈАВА?

Како експерт за човекови права и експерт сметам дека Душко Миновски јасно и гласно (да нема забуни) ни кажува дека нема појма што е тоа дискриминација.

Кога вели дека не секоја неправда значи дискриминација сигурно, кутриот мислел дека не секое нееднакво постапување е диксриминација. Ама, толку знае гревот (што дал Господ).

Вистина е дека има нееднакви постапувања кои не се сметаатза дикриминација.

На пример актите на афирмативна акција со кои се тежнее со поповолно постапување кон одредени групи луѓе кои подолг период биле изложени на дискриминација и заради тоа се ставени во понеповолна положба, да се воспостават еднакви можности, не се сметаатза дискриминација. Се надевам, Душко Миновски не мисли дека пратениците, функционерите, членовите на управни одбори, стечајните директори, и сл., се луѓе кои продолжително биле дискриминирани, па сега треба да им помогнеме.

Исто така, позитивните мерки кои се преземаат со цел одредени групи кои се судираат со посебни пречки во еднаквото остварување на своите права и слободи, да бидат доведени во рамноправна положба не се сметаатза дискриминирачки. На пример мерките со кои на лицата со попреченост (физичка, ментална, интелектуална, моторна), им се обезбедува еднаква можност за практикување на нивните права и слободи не се сметаат за дискриминирачки. Се надевам Душко Миновски не ги сместува сите пратеници, функционери, членови на управни одбори, стечајни директори и сл. во оваа ранлива група луѓе.

Кога Миновски вели дека не е баш запознаен со спомнатите измени, тој или лаже (ама ептен и отворено) или дефинитивно залутал во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација која треба да биде постојано алертирана и на браникот на одбраната на еднаквоста на граѓаните. Најверојатно станува збор за кумулација на двтете претпоставки.

Кога вели дека само мала група луѓе се изземени, Душко Миновски ни кажува дека ја прифаќа дискриминацијата кога станува збор за поповолен третман на помал број луѓе во однос на поголем број луѓе (во случајов, неверојатно потсетува на еден стрип херој познат под името Супер-Хик – кој зема од сиромашните за да им даде на богатите).

ОВАА ИЗЈАВА НА ДУШКО МИНОВСКИ ВО СВОЈСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА, УШТЕ ЕДНАШ НИ ПОКАЖУВА ДЕКА НЕ СМЕЕ ДАСЕ ВЛЕГУВА ВО РАСПРАВА ЗА НИТУ ЕДНА ОД ПОНУДЕНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНИТЕ ОД ОВАА ВЛАСТ. ВЛЕГУВАЊЕТО ВО РАСПРАВА ИМ ДАВА ЛЕГИТИМТЕТ НА ПОНУДЕНИТЕ ТЕКСТОВИ, ГО ЛЕГИТИМИРА ДЕЛУВАЊЕТО НА РАЗНИ ДУШКОВЦИ И НЕ ИСЦРПУВА ВО ПОСТОЈАНО ДОКАЖУВАЊЕ НА ТОА ОД КОЈА СТРАНА ИЗГРЕВА СОНЦЕТО.

ОВИЕ ЗАКОНИ ЕДНОСТАВНО ТРЕБА ДА БИДАТ ОДБИЕНИ.

ГОЛЕМ БРОЈ ЗАКОНИ, ОДЛУКИ И АКТИ ДОНЕСЕНИ ОД СТРАНА НА ОВАА ВЛАСТ ТРЕБА ДА БИДАТ ПОНИШТЕНИ (СО ВАЖЕЊЕ НА НИШТОВНОСТА EX TUNC – ОД МОМЕНТОТ НА НИВНОТО ДОНЕСУВАЊЕ СО ШТО ЌЕ СЕ ОВОЗМОЖИ И БРИШЕЊЕ НА СИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД НИВНОТО ВАЖЕЊЕ), А  ОВАА ВЛАСТ ТРЕБА ДА БИДЕ СРУШЕНА (КАКО И СЕКОЈА АВТОРИТАРНА ВЛАСТ) И ДА БИДАТ СОЗДАДЕНИ ЕЛЕМЕНТАРНИ УСЛОВИ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКИ СИСТЕМ.

Leave a comment

Your email address will not be published.