ИЗМАМА

1. 

Објаснувањето дадено од страна на Илија Димовски (во улога на предлагач) на најновиот предлог за промена на законите кои се однесуваат на плаќањето давачки за договори за дело и авторски договори, ги имаат сите карактеристики на измама (која најдобро се изведува кога се базира на полувистини, создава впечаток дека измамениот ја има контролата над нештата и дека се што се прави се прави по негово барање и во негова полза).

deception_1

На пример:

… пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека иако законот е донесен во текот на летните месеци, тогаш немало дебата, ниту, пак, продлабочен интерес за овој закон.

Во овој дел од изјавата точно е дека законот е донесен во текот на летните месеци (крајот на месец Јули кога голем број од граѓаните се на одмор). И тоа е направено со намера (да се избегне расправа и да се оневозможи брза реакција на засегнатите граѓани).

Точно е дека немало дебата. И не можело да има бидејки законот е донесен по скратена постапка (што значи не само ускратување на правото на јавна расправа, туку и скратување на дебатата која се води во самото Собрание).

Не е точно дека немало продлабочен интерес за овој закон. Уште на самиот почеток и во неколку наврати после донесувањето на законот сите заинтересирани страни (хонорарци, бизнис заедница) многу јасно и отворено се спротиставуваат на направените промени.

Ова значи дека станува збор за измама.

5-tips-for-spotting-a-con-man-large

Понатаму:

„Таа дебата се случи во текот на месец декември и почетокот на месец јануари, веројатно поврзано со периодот на имплементација на законот. Ние како пратеничка група ги анализиравме сите забелешки на законите, ги анализиравме сите укажувања, направивме подлабоки консултации со многу засегнати државни институции, претпријатија и субјекти и цениме дека овој сегашен предлог за измени на законот е во насока на задоволување на некој општествен консензус околу потребата од регулирање на оваа област“, вели пратеникот Илија Димовски.

Во месец декември и почетокот на месец јануари не се случи дебата, како што се обидува да ни прикаже Илија Димовски, туку се случија масовни демонстрации. Масовните демонстрации се случија со многу јасни и конкретни барања.

Тврдењето дека “Ние како пратеничка група ги анализиравме сите забелешки на законите, ги анализиравме сите укажувања, направивме подлабоки консултации со многу засегнати државни институции, претпријатија и субјекти“ претставува срж на очигледна измама по неколку основи:

1. Самата пратеничка група нема ниту капацитет ниту знаење за да изврши било каква анализа на добини мислења и забелешки за дадената материја.

2. Во краткиот период за кој станува збор, членовите на пратеничката група немале можност ни да ги прочитаат, а камоли да ги разберат, па уште и да ги анализираат забелешките и предлозите.

3. Во краткиот период за кој станува збор едноставно ни физички не е можно да се направат консултации ни со малку, а камоли со многу засегнати субјекти.

Ова ја потврдува горната констатација, дека станува збор за измама.

write-on-arms-and-thighs

2. 

Самите предложени измени на законите кои се однесуваат на плаќањето пензиско, социјално и здравствено осигурување претставуваат само мачкање на очите на граѓаните и најдрска и безобразна манипулација која се обидува да ја направи власта.

hoax-1

1. Понудените промени повторно се усвојуваат по скратена постапка (без јавна расправа, без анализа на ситуацијата и без земање во предвид на сите дадени забелешки и аргументи).

2. Останува мешањето на баби и жаби, т.е. права и обврски од работен однос и права и обврски од облигационен однос.

3. Останува огромната дискриминација меѓу тие кои се во работен однос (независно дали е тоа на одредено или неодредено време) и оние кои не се во работен однос, туку се ангажирани по договор. Наспроти обврските кои ги имаат луѓето во работен однос (меѓу кои се и давачките за социјано, пензиско и здравствено) тие имаат и права кои се регулирани со Законот за работни односи и со колективните договори за одредени гранки и ја имаат синдикалната заштита. Наспроти обврските кои ги добиваат луѓето кои работат по договор, тие немаат ниту едно од правата според Законот за работни односи, за нив не важат колективните договори и немаат синдикална заштита.

4. Ниту една од промените не одговара на прашањата за услугите кои ги добиваат хонорарците како резултат на плаќањето социјално, здравствено и пензиско осигурување и начинот на кој ќе можат да ги добијат тие услуги.

5. Ниту една од промените не одговара на прашањето како со нив ќе се подобрат положбата, стандардот, условите за работа и за живеење на луѓето кои примаат хонорари.

Промените кои се нудат се некој вид на пазарење. Пазарење за тоа колку се спремни граѓаните да дозволат да им биде украдено. Бидејки граѓаните се побунија за кражбата од 37% , од власта доаѓа понуда за кражба од помал %.

Прикажувањето на ова намалување на кражбата како адресирање на проблемите и забелешките кои дојдоа од граѓаните претставува измама.

Не дозволувајте да бидете измамени.

25 total views, 2 views today

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.