ЦВЕЌЕТО ЗА 8 МАРТ НЕ НЕ ПРАВИ ПОЕДНАКВИ

8 Март е ден за празнување. Затоа што е ден кога дошло до таква кумулација на сознанието за нееднаквоста која кулминирала во јавно манифестирање на незадоволството.

bread-and-roses-banners

Ги празнуваме храброста и решителноста и сознанието дека е неопходна борба за освојување на забранетиот простор на моќта.

Тоа не е ден на нежноста и љубовта и мајчинството или пак женственоста. Не е ден за музика, јадење и шопинг. Не е ни ден за одмор.

Тоа е ден кога треба да излеземе на улица и да викнеме. Силно и заедно. Да викнеме против нееднаквоста и неправдата и понижувањето и омаловажувањето.

Да викнеме против оние кои сакаат да не сведат на граѓани од втор ред, и против сите оние кои сакаат да ни наметнат улоги по нивни ќеиф и кои од позиција на моќ ни ги одредуваат дури и соништата

– Сонот на секоја жена бил да се омажи  и да стане мајка, а либералниот абортус не смее да се дозволи затоа што тоа е убиство, кое дополнително ќе ги зголеми неверствата во бракот но и другите неморални појави – смета судијата Сали Мурати.

Да викнеме против оние кои мислат дека насилството е израз на љубов, и против сите оние кои ги пишуваат идиотските учебници наменети за повторно и повторно репродуцирање на стереотипите и предрасудите.

 

Picture1

Тоа е ден кога треба да покажеме дека знаеме како не потчинуваат и понижуваат. Знаеме дека 207000 жени се исклучени од бројката на активно работно население и се прогласени за домаќинки. Знаеме дека жените имаат помали примања од мажите и дека тоа е наменски исфрлено од најновите статистички прикази.

Picture4

Знаеме дека жените се неплатени семејни работници, а мажите работодавачи.

Picture2

Знаеме дека само 19% од оние кои примаат плата над 40000 денари се жени.

Picture3

 

Знаеме дека текстилните работнички во Македонија се современи робови и дека државата го штити и велича ова ропство.

Кога го знаеме сето ова, зар навистина некој може да не залаже со туристичко патување? Со пригоден шопинг?

Ајде да размислиме, да се потсетиме, ама пред се да излеземе и да се побуниме, затоа што: ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ ЗНАЧИ ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЧОВЕШТВОТО.

Ајде да се договориме: не ни давајте цвеќе – дајте ни еднаквост.

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published.