ЗА СЕКОЕ ИСЕЧЕНО ДРВО, ЗА СЕКОЈА УНИШТЕНА РЕКА, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ И ЗАГАДЕНАТА ВОДА, ЗА УНИШТЕНИТЕ ПЛАНИНИ, МОРА ДА ОДГОВАРААТ КОНКРЕТНИ ЛУЃЕ КОИ СЕГА СЕДАТ ВО МНОГУ КОНКРЕТНИ ФОТЕЉИ

Според член 118 од Уставот на Република Македонија:
Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се
дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Тоа значи дека ратификуваните меѓународни договори се на повисоко ниво од националните закони и доколку законите или подзаконските акти се спротивни на истите, ќе се примени меѓународниот договор.

Македонија ја има ратификувано “Конвенцијата за пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина“.

Според членот 1 од оваа конвенција: за да се придонесе кон заштита на правото на секој поединец од сегашните и идните генерации да живее во животна средина што е соодветна за неговото здравје и добросостојба секоја држава ќе гарантира учество на јавноста во одлучувањето кај прашања поврзани со животната средина.

Според оваа конвенција граѓаните треба да бидат информирани за сите активности кои ги презема власта а кои се одразуваат на животната средина и да учествува на сите нивоа и во текот на целокупната процедура на одлучување за преземање на одредени активности кои се одразуваат на животната средина.

Граѓаните мора да имаат можност да дадат свои мислења, забелешки, идеи, анализи за конкретните прашања.

Граѓаните имаат право да учествуваат во изработката на сите планови и програми кои на било каков начин имаат влијание врз животната средина.

Граѓаните имаат право непосредно да учествуваат во изготвувањето на законите и на подзаконските акти како и на одлуките кои се однесуваат на животната средина.

Според оваа конвенција граѓаните мора да имаат право на соодветна судска заштита (бесплатно или по многу ниска цена).

Picture1ДАЛИ БИЛО КОЈ ОД ВАС ОДЛУЧУВАШЕ ЗА СЕЧЕЊЕТО НА ДРВЈАТА, ЗА ГРАДЕЊЕТО НА ВОДНО, ЗА ГРАДЕЖНИТЕ ДЕЈСТВИЈА КОИ ЈА СПРЕЧУВААТ ЦИРКУЛАЦИЈАТА НА ВОЗДУХ ВО ГРАДОВИТЕ, ЗА ДЕПОНИИТЕ, ЗА СОБИРАЊЕТО НА СМЕТОТ, ЗА ОТВОРАЊЕТО КАМЕНОЛОМИ НА СЕКОЈ ЧЕКОР, ЗА ИСКОПИТЕ ВО РЕКИТЕ, ЗА ПРОМЕНАТА НА БРЕГОТ НА ЕЗЕРАТА, ЗА  …?

АКО Е ОДГОВОРОТ НЕ, ТОА Е ВАШ ПРОБЛЕМ. ВЛАСТОДРЖЦИТЕ ГО КОРИСТАТ ВАШЕТО НЕЗНАЕЊЕ, И ВАШАТА ГЛУПОСТ И ВАШАТА ИНЕРТНОСТ И ЈА УНИШТУВААТ ВАШАТА И ИДНИНАТА НА ВАШИТЕ ДЕЦА.

Leave a comment

Your email address will not be published.