ДАЛИ Е ГРУЕВСКИ ДОСЛЕДЕН ВО КРШЕЊЕ НА УСТАВОТ?

Доколку е точна веста дека министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска поднела оставка, дека таа оставка е прифатена и дека :

... премиерот веќе испратил предлози до Собранието за нови министри, односно за местото на Јанкулоска го предложил Митко Чавков, актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност, а на местото на Јанакиески, е предложен Владо Мисајловски.

тоа значи дека Никола Груевски го прекршува Уставот на Република Македонија според кој:

Член 97
Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години.

Вистина е. Ајде да видиме што ќе направат пратениците.

Leave a comment

Your email address will not be published.