Имаме право да знаеме дали тие кои се на власт ја употребиле должноста за сопствено богатење

Во телефонски разговор за НОВА, Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ зборува за обвинувањата на опозицијата за нејзиниот имот пријавен во Анкетниот лист, и становите на нејзините синови. Вели нема обврска да даде отчет за становите на децата.
 
Ова не е точно. Бонева има таква обврска. 
Според членот 1-а од Законот за спречување на корупција: “Под корупција, во смисла на овој закон, се подразбира искористување на функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за остварување на каква и да било корист за себе или за друг.“
 
Ова значи дека Бонева (како и сите други пратеници и функционери) мора да биде под многу строг надзор за тоа дали некој друг (тука спаѓаат и нејзините синови) остварил корист од тоа што таа се наоѓа на раководна функција. Тоа што тие кои се дел од семејната заедница во која живее (а кои потпаѓаат под дефиницијата на семејство дадена во Законот за спречување на корупција) може да биде највидлива измама со цел изигрување на законот. Ваков вид на постапки мора да се истражат со цел открување на можна измама.
 
Според членот 5 од истиот закон:
 
“(1) Вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и положба, како и работите од јавен интерес се јавни и подложни на јавна контрола.“
 
Тоа значи дека гражаните можат и треба да прашуваат, да бараат птчет, да се сомневаат и да очекуваат сериозна контрола на тоа што Бонева го заработила, каде е тоа што го заработила, како го заработила тоа, но и дали некој друг имал корист од нејзината функција и одлуките кои ги донесува како носител на таа функција. Така се прави во демократските држави.
Според членот 34 од Законот за заштита од корупција: “(1) Избрано или именувано лице, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице што располага со државен капитал е должно во рок од 30 дена да го пријави секое зголемување на неговиот имот, односно на имотот на член на неговото семејство, како што е изградба на куќа или други објекти, купување на недвижности, хартии од вредност, автомобил или други подвижни предмети во вредност што надминува износ од дваесет просечни нето плати во претходниот тримесечен период.“
 
Ова значи дека членовите на семејството на Бонева мора да бидат исто така под многу строг надзор и да се испита дали има основи на измама во актот на давање на поклон на нивни имот синовите на Бонева. Така се прави во демократските држави.
Според членот 31:
(1) Избрано или именувано лице, службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие не смее да ги користи информациите со кои располага за остварување корист за себе или за друг.
Тоа значи дека има основ да се испита дали во вршењето на бизнисот на нејзините синови (кои се ете така многу успешни) тие ги користат информациите кои може да ги има само Бонева како функционер кој има достап до одредени податоци. Така се прави во демократските држави.
Македонскиот народ одново и одново ја избира Бонева за пратеник.

Тие кои се на власт велат дека е заради тоа многу паметен и така треба да продолжи.

Јас не го мислам тоа.

Leave a comment

Your email address will not be published.