КАКО ТОА ИЗБОРИТЕ ЌЕ ЈА РАЗРЕШАТ КРИЗАТА?

Груевски ни порача: “Доста беше, изборите се единствен излез од кризата чии заложници сме“

Никола ни вели: “Оваа двегодишна криза мора да заврши, а тоа може да се случи само со избори на кои граѓаните ќе изберат на кого ќе му ја дадат довербата да ја води државата.“

Прашањето е: што ќе сменат изборите? Една од причините за кризата е тоа што голем број граѓани не веруваат во демократичноста на изборите. Значи, избори во кои повторно голем број граѓани нема да веруваат нема да сменат ништо. Или, така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Никола ни вели: Оваа криза мора да заврши. Зад неа не стојат никакви заложби за слобода на медиуми, ниту пак некаква демократизација и борба против корупцијата.

Прашањето е: како ќе бидат запрени оние кои мислат дека е загрозена слободата на медиумите, демократијата и дека власта е корумпирана? Со сила? Со закани? Со тортура? Или  така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

 Никола ни вели: Ова е слободна земја и овде народот одлучувал и ќе одлучи кој може да се справи со неговите реални предизвици и секојдневни потреби и проблеми.

Прашањето е: што ќе се случи со оние кои мислат дека народот не одлучува, дека власта не се бави со нивните потреби и проблеми, ако има избори во кои немаат доверба и на власт повторно дојдат тие во кои немаат доверба? Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Никола ни вели: Наша одговорност е да ги решаваме кризите, а не да ги креираме. Да решаваме проблеми, а не да бидеме дел од нив како што некој сака да не направи

Прашањето е: што ќе се случи со луѓето кои мислат дека во основата на кризата стои политиката на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски? Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Никола ни вели: Избори мора да има и ќе има, а ние ќе ја понудиме најдобрата програма досега со многу нови проекти, реформи, мерки и цврсти гаранции за многу нови работни места.

Прашањето е: што ќе се случи со луѓето кои мислат дека овие програми се лажни, дека проектите не се во интерес на граѓаните, дека нема реформи и дека отворањето работни места е балон од сапуница? Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Никола ни вели: медиумите се слободни, судовите се независни, а за мешањето на државата и партијата не смее ни да се зборува.

Прашањето е: што ќе се случи со луѓето кои мислат дека медиумите не се слободни, дека судството не е независно и дека има мешање на партијата и државата? Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

 Никола ни вели: Услови за избори има и избори ќе се одржат. Секој може да учествува на тие избори или да не учествува, и тоа е слобода, односно и негласањето или неучествувањето на избори е одлука и еден вид учество во демократија. Така функционира демократијата. Мнозинството одлучува

Прашањето е: што ќе се случи со луѓето кои мислат дека нема услови за фер и демократски избори? Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Никола ни вели:  Ве повикувам да ни се придружите. Да го подигнете гласот за нашата кауза, за нашата цел и програма. Ве повикувам да работиме заедно за да заврши оваа криза. Да ни се приклучите во нашите идеи, за харбри и големи чекори.  

Прашањето е: штоќе се случи со луѓето кои не сакаат да се придружат на ВМРО-ДПМНЕ, кои не сакаат да го дадат својот глас за каузата на ВМРО-ДПМНЕ за таа програма и за тие цели?  Така преку ноќ одеднаш на тие граѓани ќе им пукне пред очи и ќе осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале?

Што ако преку ноќ не им пукне пред очи на тие граѓани и не се осознаат дека всушност треба да веруваат во она во што до вчера не верувале? Како тогаш ќе се справи Груевски со кризата? Или, едноставно ќе се справи со луѓето?

Leave a comment

Your email address will not be published.