БРАВО ДЕЧКИ

13122892_986020794808825_1284446483705258531_oНе браво за опозиционите политички партии, не за СДСМ. Браво за сите нас кои сме дел од Шарената револуција. Затоа што знаеме што сакаме и постепено го остваруваме.

Еден од предусловите кои ги поставивме за воопшто да се седне на натамошно договарање беше да нема брзи избори кои ќе се одржат под истите услови како и сите претходни и се разбира со ист резултат.

Изборите се поместени и го добивме времето кое е потребно за остварување на другите барања.

Вториот предуслов кој го поставивме на политичката сцена е поништување на колективното помилување кое противправно (а со помош на Уставниот суд) го направи претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Кога ќе биде исполнет и овој предуслов и кога оние за кои постои основано сомнение дека сториле големи прекршувања од позиција на власт повторно ќе можат да бидат предмет на истрага, можеме да пристапиме кон остварување на останатите барања.

  1. Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
  2. Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
  3. Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
  4. Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
  5. Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;
  6. Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Тоа се нашите барања во овој момент.

Меѓутоа најголемото барање е враќање на граѓаните на политичката сцена. И никој ниту мислел ниту пак мисли дека враќањето на граѓаните на политичката сцена ќе биде лесно и едноставно.

Предолго време седат настрана граѓаниоте и ги оставаат партиите да бидат единствени играчи на политичката сцена. Без нивно влијание и без нивно учество. Без одговорност пред граѓаните и без постојана контрола од страна на граѓаните.

И ние не сме наивни. Добро знаеме дека нема ниту една политичка врхушка во ниту една политичка партија (читај НИТУ ЕДНА) која навистина го сака учеството на граѓаните во процесите на одлчување, контролата на граѓаните и одговорноста пред граѓаните.

Затоа е толку значајно и големо ова што го направивме. Станавме дел од донесувањето на политичките решенија. Станавме дел од одлучувањето. И не смееме  да се откажеме од тоа. Никогаш. Вакви шарени, со различни видувања и убедувања, со различни партијски афилијации, со најразлични замисли за иднината. Решени дека сакаме држава во која ќе владее шаренилото.

cgvjfwhwmaeqbhkЗатоа и го освојуваме и  обележуваме јавниот простор со шаренило. Не со цркви и крстови, не со џамии и орли, не со знамиња, туку со нашата различност. И затоа ги обележуваме државните објекти со нашето шаренило. За да се знае дека се тие наши и дека мора да научат да го почитуваат и поддржуваат шаренилото.

И мораме да останеме. Не на улица. Улицата е само почетокот. Веќе не смееме да дозволиме некој да решава без нас – граѓаните на оваа држава. Не смееме да дозволиме некој да решава спротивно на нашите интереси. Некој да гради моќ на нашиот грб и да се богати на наша сметка.

Секој кој ќе дојде на управувачка позоција во државата мора да рачуна со нас. Во спротивно ќе биде сменет. Ние граѓаните решивме дека заслужуваме подобро. И ќе ги поддржиме само оние кои можат да ни го дадат тоа подобро.

Никогаш повеќе едноумие.

Да живее шаренилото и нашата шарена револуција.

27027612946_9ff0cecef8_o

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.