ИМАМ ПРАВО И ДОЛЖНОСТ ДА СЕ ПОБУНАМ ПРОТИВ ПОВРЕДАТА НА ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ – ЗАТОА ШТО СУМ ЧОВЕК, А НЕ ГОВЕДО

За сите оние кои поминале моја обука, а заборавиле, и за сите оние кои не поминале моја обука, а се чудат зошто ги бришам и блокирам:

Picture1

Хоророт на Втората светска војна го создаде модерниот концепт на човековите права:

  • За да не се повтори историјата
  • За да се потенцира заедничкиот интерес на луѓето
  • За да се реафирмира вербата во достоинството и вредноста на човечкото суштество 
  • За да се изрази спремноста за заедничко спротивставување на вакви  повреди на хуманоста

Picture2

Луѓето утврдиле дека:

¨Молчењето и незаинтересираноста за страдањата на другите и за повредите на правата на другите стануваат дел од проблемот

¨Холокаустот не е несреќна случка во историјата туку последица на неделувањето на голем број луѓе“

Затоа што “Светот не е опасно место за живеење заради луѓето кои прават зло, туку заради луѓето кои седат и дозволуваат тоа да се случи“

Picture7

И, торурата е забранета во секој момент, во секоја околност и за секое човечко суштетсво (независно од тоа дали го нарекувате монструм или не).

Picture8

“ Тортура е секој акт со кој на некое лице му се нанесува големо страдање, физичко или душевно, со цел од него или од некое трето лице  да се добие известување или признание, да се казни за некое дело кое тоа или некое трето лице го сторило или има сомнение дека го сторило, да се заплаши или врз него да се изврши притисок, или некое трето лице да се заплаши или врз него да се изврши притисок, или од кој било друг мотив заснован врз каква било форма на дискриминација, кога таквата болка или страдање ги нанесува некој службеник на јавна служба или некое друго лице кое дејствува по службена должност или врз основа на изречен налог или согласност на службено лице.“

Turkish-soldiers

Забраната на тортурата е издигната на највисоко можно ниво затоа што:

  • – Сторител на тортурата е државата (олицетворена во своите службеници)
  • – Таа зад себе го има целокупниот систем кој ја дозволил, овозможил или не ја санкционирал тортурата
  • – Државата има можност за легитимна употреба на сила и оружје
  • – Државата има можност за прикривање и негирање и можноста за изнаоѓање оправдувања и изговори
  • – Државата има можност за истражување и употреба на науката во актот на тортура

И немој да сум слушнала било какво оправдување за она што го прави Ердоган, или, некој да ме праша, што пак ме интересира тоа што се случува во Турција.

И, курирчиња и слична гамад, ова е она што го предавам на семинарите и како професор. За ова сум професионалец, а балерина сум исто толку колку што сте вие новинари, колку што е Груевски политичар, колку што е Зврлевски јавен обвинител, колку што е Чавков министер за внатрешни работи, колку што е Елена Гошева уставна судијка.

12011395_1077029995640413_6743858685786025193_n

 

ЕПИДЕМИЈА НА ГЛУПОСТ И КОРУПЦИЈА ВЛАДЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Не знам што е позаразно: глупоста или корупцијата. Некако на еднакво ниво ми доаѓаат.

Навидум паметни и чесни луѓе во физички допир со глупи и корумпирани поединци и групи, преку ноќ нагло се осипуваат со препознатливите чирови на глупоста и им се дига темтепаурата на корумпираност.

Неверојатно.

Само како пример да го земеме прочистувањето на избирачкиот список. Толкава концентрација на глупост и корумпираност околу едно вакво многу едноставно прашање, одамна не сум видела.

dik-sostav

Работата е всушност многу едноставна, меѓутоа голем број луѓе дигаат прашина за да не видиме дека всушност станува збор за нивна глупост и/или корумпираност.

  1. Прво и основно, нема преговори околу тоа дали треба или не треба да имаме чист избирачки список. Станува збор за една од алатките во остварувањето на базично човеково право (право на избор) кое е во темелите на демократската држава. Значи, мора да се направи се (читај СЕ) што е можно на луѓето да не им биде ограничено правото на глас, да им се олесни остварувањето на правото на глас и да се спречи злоупотребата на правото на глас. За ова не се преговара.
  2. Второ и многу базично, основата на прочистувањето е многу едноставна  (и ставена е во закон, Устав, меѓународни документи)- секој полнолетен граѓанин на Република Македонија кој има право на глас.

Што значи тоа за прочистувањето?

Тоа значи дека на списокот не треба да има малолетници.

Тоа значи дека на списокот не треба да има починати.

Тоа значи дека на списокот не треба да има луѓе кои немаат деловна способност која им дава право да гласаат.

Тоа значи дека еден човек треба да се најде само еднаш на избирачкиот список за да може да гласа еднаш, а не повеќе пати.

Тоа значи дека на списокот не треба да има луѓе кои не се државјани на Република Македонија.

Тоа се проверува натој начин што се утврдува дали тој човек има лична карта или пасош (се разбира важечки). Ако некој има лична карта или пасош (важечки – тој човек си има право да гласа во својата држава која му ги издала овие документи, покрај сите останати права кои си ги има како носител на тие документи).

Дали постои можност за постоење на лажни документи со кои се тврди дека е некој државјанин на една држава, а всушност не е.

Да. Може да има вакви документи. Тоа се лажни или, фалсификувани документи.

Како се проверува дали документите се лажни?

Со тоа што се гледа дали во базите на податоци на државата (социјала, пензиско, даночно, здравствено, книги на родени и умрени, книги на венчани, агенција за вработување, агенција за државни службеници, …) било каде, се појавува човекот во чиј документ се сомневаме и се споредуваат податоците. Доколку има непоклопување на податоците (не се појавува на ниту едно друго место, има различни податоци на различни места. …), постои сомневање за лажен документ (независно од тоа дали е направен во некоја визба или пак од страна на криминалец вработен во МВР).

Изработката на лажни документи за идентификација е кривично дело и тој човек се гони кривично (и се разбира сите оние во ланецот кои овозможиле изработка на ваков документ).

Значи, доколку моето име се наоѓа на списокот на сомнителни граѓани објавен на страната на ДИК, тоа значи дека:

  1. 1. Некој во Тимот за компјутерска проверка погрешил ептен – ептен или „погрешил“ како за кривично дело;
  2. 2. Некој од членовите на ДИК ептен му „помогнал“ на лицето од Тимот за компјутерска проверка за да „погреши“ што исто така е тамам за кривичен прогон (за тоа се нема функционален имунитет); и
  3. 3. Претседателот на ДИК е неспособен да собере два и два, односно да направи проверка и увид и да утврди кој и како подметнал редица имиња на овој мератен список. Самата глупост можеби и не е кривично дело, ама командниот синџир значи кривична одговорност на потписникот, односно Претседателот на ДИК.

Нема потреба од докази или нешто друго освен логика за да се разбере дека ова е така.

Компјутерите не лажат (и многу, многу ретко грешат и тоа на сосема поинаков начин)! Значи, ако некој тврди дека јас всушност не сум родена во Македонија, не сум живеела сите овие години во Македонија, не сум се школувала во Македонија, не сум работела, не сум плаќала данок и придонеси, не сум стапила во брак, немам деца, не сум заведена во катастар како сопственик, немам постојано живеалиште на кое можам да бидам најдена и на кое примам пошта …  тогаш некој го фалсификувал списокот кој е објавен на официјалната страна на ДИК и за тоа треба кривично да одговара, а јас да добијам и оштета по неколку основи.

П против П (партија против право)

Продолжуваат преговорите на партиските работни групи, се очекува договор

Со надежи за договор, продолжуваат преговорите во Пржино

Почнаa партиските преговори во Пржино

Партиите почнаа нова рунда од преговорите за излез од кризата

А јас пак гледам како Македонија за уште неколку чекори се оддалечува од стандардите на современата демократија и владеењето на правото.

Најлошо е кога не успеваме да учиме на грешките од минатото и кога упорно ги повторуваме, постојано очекувајќи поинаков резултат.

Зар навистина ни треба уште еден Охридски договор со кој ќе се заташка прекршувањето на законите, ќе се амнестираат криминалците, а партиите и партиското договарање ќе ги заменат сите државни органи и целокупната легислатива?

Зошто излегоа граѓаните на улица и зошто уште се влечат по улиците?

1. Излегоа заради тесната поврзаност на државата и партијата и употребата/злоупотребата на државните органи од страна на партијата.

2. И заради нетранспарентното донесување одлуки и отсуството на граѓаните од процесите на одлучување.

3. И заради владеењето на партиското самоволие наместо владеењето на правото.

4. И заради отсуството на независни контролни механизми на власта.

5. И заради  теснопартиски приод кон нештата наместо почитување на плурализмот на интереси и потреби на граѓаните.

Ако е ова точно, тогаш на кој начин договор кој ќе го направат четири политички партии зад затворени врати може да биде во функција на:

  • – намалување на поврзаноста на партијата и државата (кога партијата решава во име на државата);
  • – транспарентно донесување одлуки со учество на граѓаните (кога се се прави во тајност, а граѓаните се исфрлени од процесот на одлучување и оставени да си се шетаат по улиците);
  • – владеење на правото наместо партиското самоволие (кога се слуша само зборот на партиските челници надвор од се’ она што претставува државно структуирање);
  • – воспоставување контролни механизми на власта (кога не се прифаќаат контролни механизми дури ни во процесот на преговарање):
  • – поддршка на политичкиот плурализам наместо партиско себезадоволување (политичкиот плурализам е многу поширок поим од партискиот плурализам; оттука, како до плурализам кога во ниту еден момент не се слуша гласот на различните).

 

Охридскиот рамковен договор ја продуцираше актуелната политичка и правна криза со тоа што создаде паралелен систем на формално постоење на норми и институции, а фактичко решавање на работите со директно договарање на две криминални банди кои себе се нарекуваат политички партии (мислам на ДУИ и ДПМНЕ).

 

Договорот од Пржино го прави истото тоа, со потполно негирање на правото, на демократијата, на плурализмот и партиципацијата на граѓаните.

Одбивањето да се формира експертска влада која ќе ги постави основите на демократското владеење базирано на правото е само ширум отворена врата за партиско делење на колачот, амнестирање на криминалците, уништување на државната структура и оневозможување во поблиска и подалечна иднина да профункционира било што надвор од политичките партии. И, без никакво сомнение, по Охрид и Пржино, да ни треба некој друг договор – можеби склучен од истите четири партии во – Припор!!!

Не ни требаат херои и хероини. Не ни е потребен водач качен на бел коњ. Не ни се потребни предводници. Потребни ни се правила, процедури и критериуми кои ќе бидат однапред донесени со учество на граѓаните, кои ќе траат и кои ќе важат подеднакво за сите.

Ако во овој момент граѓаните не го преземат процесот во свои раце, тогаш ќе бидат само пиуни во еден нов партиски дил, кој можеби ќе обезбеди смена на актуелната власт (или барем еден дел од криминалците од актуелната власт), но нема да обезбеди владеење на правото, плурализам, партиципација на граѓаните и контрола над секој оној кој ќе дојде на власт.

Работата е ние да ги искористиме странците со цел воспоставување услови за градење на демократска држава во која ќе владее правото, а не странците да не’ искористат нас за воспоставување нов естаблишмент кој ќе обезбеди мир и релативна стабилност за да не мора да се занимаваат со еден прцул од држава толку време.

Не случајно, странците се оградија од Шарената револуција и нејзините барања и не случајно ги затворија вратите за претставниците на Шарената револуција. Не случајно го откачија Ван Хојте и не сакаат ни да го погледнат Блупринтот направен од страна на граѓанските организации и граѓаните кои ја поддржуваат Шарената револуција.

За нив е сосема во ред и сосема доволен нов Охридски договор.

За нас не е и не смее да биде.

Јас мислам дека е време да отидеме до Пржино. Затоа што   се решивме да се бориме за своите права и тоа треба да заврши во наша корист, а не само да го смениме јавачот.

Ниту една одлука без граѓаните!