НАРОДОТ Е ГЛУП, ГЛУП И УШТЕ ЕДНАШ, ГЛУП

Насловот нема врска со содржината на написот, меѓутоа, искуството ми покажа дека ваквите наслови ги привлекуваат провладините медиуми (пардон – мегафони) па си реков ајде да пробам, можеби ќе го објават целиот текст заради насловот.

Имаме проблем.

Многу голем проблем.

 

Државата ни пука по сите шавови и пополека се распаѓа пред наши очи.

Узурпаторите на власта кои 10 години ги цедеа граѓаните, ги молзеа и шуреа, се обидуваат во ситуација на хаос да ушичарат уште некој денар на маката и трагедијата на граѓаните.

И секако, се обидуваат да направат магла во која ќе најдат виновници кон кои ќе го насочат гневот на граѓаните.

 

Што треба да направи една држава во ваква ситуација?

– да ја мобилизира целокупната механизација во државата (од сите актуелни градилишта) и да ја упати во подрачјата кои имаат претрпено штета.

– да ги ангажира сите расположиви човечки капацитети кои можат да помогнат со својата стручност и знаење (експерти, стручњаци, лекари, психолози и психијатри, …)

– да ги мобилизира невработените (отприлика 100000 до 40 години старост и со образование до завршено средно) кои за соодветна надокнада сакаат да се вклучат во расчистувањето на терен.

– да направи итна пренамена на парични средства кои се трошат за неегзистенцијални објекти и да ги канализира за санирање на штетите кои ги претрпеле граѓаните.

– да ги кумулира сите средства кои доаѓаат како помош од надвор и да направи план за распределба на иститепод постојана и многу отвотена контрола на граѓаните и на граѓанскиот сектор.

Ниту една од овие работи не може да ги направам јас или било кој друг претсавник на цивилното општетсво, на шарените, еднобојните или двобојните.

Овие работи може да ги направи само некој кој е на власт и кој во свои раце ги има ингеренциите да донесува одлуки и да раководи со државните органи.

Волонтерството и непосредното самоорганизирано помагање на настраданите од страна на граѓаните е потребно во првиот ден од несреќата додека да се активираат институциите.

Тоа што после 7 дена од несреќата има потреба од волонтери кои ќе работат на терен покажува дека не работат институциите.

Тоа што владее потполн хаос во распределбата на помошта на настраданите, покажува дека не работат институциите.

Тоа што нема тело кое транспарентно ќе известува за собирањето и распределбата на помошта која доаѓа од надвор, значи дека тие кои се на власта сакаат да ги украдат парите.

Тоа што не запираат градбите и не се прераспоредуваат парите, значи дека на тие кои се на власт ги боли патика за настраданите од поројниот дожд.

Тоа што политичарите си шљацкаат со нови чизмички по калта и носат каучи, значи или дека 13925270_10210408873562168_7992434017114940283_nнемаат појма што треба да прават или пак (што ми е многу веројатно) им фрлаат прашина (не, во случајов им фрлаат кал) во очите на граѓаните и печалат на нивната мака (било да станува збор за пари или пак за политички поени).

Едно да се разбереме, со соодветна употреба на сопствените средства и средствата кои доаѓаат од надвор, сите граѓани кои претрпеле штета можат да бидат обештетени (во потполност) и во рок од еден месец да започнат со нормален живот.

Немој да ве лажат и немој да прифаќате ништо помалку.

А после месец дена, треба да започне опсежна истрага за виновниците и одговорните за настанатите штети и за сите жртви од поројниот дожд.

Во меѓувреме, дај бре забркајте ги тоа политичарите и не дозволувајте да се измотаваат со вас. Испратете ги на нивните работни места и што е можно побргу да ви обезбедат нормален живот.

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published.