ОТВОРЕНО ПИСМО ОДГОВОР ДО ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во врска со вашето писмено без број и без датум, а што го примив на 07 ноември 2016 година, и со кое ме повикувате да се пријавам до ДИК заради постоење „спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список“ при што ќе биде доволно: „важечка лична карта или патна исправа“, би сакала да ве известам за следново:

  1. Јас веќе поднесов кривична пријава против вас за целосно протиправно бришење од избирачката евиденција и, со оглед на тоа што рокот за изјаснување на Јавното обвинителство истекува на 12 декември 2016 година, ќе го имам задоволството да поднесам субсидиерна, приватна кривична тужба веднаш потоа;
  2. Токму вашето писмено ќе го искористам како доказен материјал дека нема никакво „несовпаѓање на податоците“, бидејќи во спротивно би барале од мене конкретен документ за конкретно несовпаѓање. Или, поинаку кажано, треба да постои разлика меѓу најмалку две евиденции, но, во таков случај е потребно да се има доказ за обете нив; значи потребни се најмалку два документи!

Оттука, ова Писмо – одговор, а кон кое го приложувам и вашето писмено (без број и датум) ви го упатувам со препорачана пошта со цел да може да послужи како доказ во претстојната крвично-судска постапка, а едновремено ќе го објавам и на социјалните мрежи.

Скопје, ___ ноември 2016 г.