НА ИДНИТЕ ИЗБОРИ ЈАС ЌЕ ГЛАСАМ ПРОТИВ ДПМНЕ И ПРОТИВ БИЛО КОЈ НИВНИ КОАЛИЦИОНЕН ПАРТНЕР

Според гласилото на ДПМНЕ Република: “СДСМ ги изгуби членовите, симпатизерите и гласните поддржувачи за четири дена. По непромислените потези на лидерот на партијата, со очајниот избор за пораз со Ферид Мухиќ и Лилјана Поповска на пратеничките листи, вечерва Заев потпиша заеднички настап на изборите и со партијата на Драгиша Милетиќ и со партијата на Самка Ибраимовски. Најголем проблем предизвикал Заев кога на потпишувањето на коалицијата го поканил Драгиша Милетиќ, човекот кој за членството на СДСМ е симбол за предавство.“

Да бидеме на чисто. Ова не е релевантна информација, бидејки не се потпира на реални податоци. Уште помалку е анализа која би требало да им помогне на граѓаните во градење на нивниот став за следните избори. Според мене ова е најобичен спин наменет исклучиво за поттикнување на луѓето да не гласаат за опозицијата на наредните избори.

Сигурна сум дека во наредниот месец ќе има многу вакви спинови. И сигурна сум дека многу луѓе ќе бидат турнати на една или на друга страна заради нив. А ете, јас да си кажам што мислам.

На идните избори јас нема да гласам за Заев. Нема да гласам ни за СДСМ, ни за Левица ни за Десница.

Ниту една од овие партии не ги исполнува моите стандарди и немам верба дека било кој од нив во моментов може да направи коренити промени во системот кои би се базирале на концептот за човековите права, владеењето на правото и демократските принципи на 21 век.

На идните избори ќе гласам ПРОТИВ.

ПРОТИВ  актуелната владејачка структура која го уништи и самиот поим на право.

ПРОТИВ актуелната владејачка структура која корупцијата ја направи нормална работа.

ПРОТИВ актуелната владејачка структура која граѓаните на Македонија ги продава како робови на странските инвеститори.

ПРОТИВ актуелната владејачка структура која создаде држава во која луѓето мислат дека си богат ако имаш што да јадеш.

ПРОТИВ актуелната владејачка структура која ги убива граѓаните (намерно или/и од незнаење).

ПРОТИВ актуелната владејачка структура која ја претвори државата во огромно ѓубриште од кое се шири реа.

ПРОТИВ актуелната владејачка структура која го одзеде достоинството на наставниците, лекарите, администрацијата, земјоделците,  професорите, судиите, студентите, пензионерите, бизнисмените, …

ПРОТИВ актуелната владејачка структура која ги стимулира незнаењето и непрофесионалноста на секое поле и во секоја област.

ПРОТИВ актуелната владејачка структура која не одговара за ниту една направена грешка.

ПРОТИВ актуелната владејачка структура која црното го прогласи за бело.

ЌЕ ГЛАСАМ БРЕ ПРОТИВ. ЌЕ ГЛАСАМ НА НАЧИН СО КОЈ МИСЛАМ МИСЛАМ ДЕКА МОЖЕ ДА БИДЕ СИМНАТА  ОД ВЛАСТ АКТУЕЛНАТА ВЛАДЕЈАЧКА СТРУКТУРА.

НЕМА ДА ГЛАСАМ ЗА. Не можам да гласам за листи на кои се наоѓаат МУХИЌ, И МИЛЕТИЌ, И СЛИЧНА БАГРА. И мислам дека спремноста на СДСМ да стави вакви креатури на изборните листи и начинот на кој беа ставени ја приближува оваа партија кон ДПМНЕ.

НЕМА ДА ГЛАСАМ ЗА СДСМ ЗАТОА ШТО МУ ВЕРУВАМ НА ЗАЕВ ИЛИ ЗАТОА ШТО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СДСМ ЌЕ НАПРАВ КОРЕНИТЕ ПРОМЕНИ. НИТУ МУ ВЕРУВАМ НИТУ СЕ НАДЕВАМ.

СО ТОА ШТО ЌЕ ГО ЗАОКРУЖАМ БРОЈОТ ПОД КОЈ СЕ НАОЃААТ МОЖНИТЕ ПРАТЕНИЦИ НА СДСМ НЕМА ДА ГЛАСАМ ЗА СДСМ ТУКУ ЌЕ ГЛАСАМ ПРОТИВ ДПМНЕ.

ЗАТОА ШТО ЗНАМ ШТО ПРАВИ ДПМНЕ. ЗНАМ КОЛКАВО Е ЗЛОТО КОЕ НЕ СНАШЛО И ЗНАМ ДЕКА ТОА ШТО ГО ПРАВАТ ГИ ВОДИ ГРАЃАНИТЕ ВО ПРОПАСТ.

ЌЕ ГЛАСАМ ПРОТИВ ЗАТОА ШТО МИСЛАМ ДЕКА МОЖЕ ПОДОБРО, А ТОА ПОДОБРО НИКАКО НЕ МОЖЕ ДА ГО ДОНЕСЕ ДПМНЕ.

 

Leave a comment

Your comment