ДА НЕМА ЗАБУНА ЗА ТОА ШТО МИСЛАМ ЗА КОГО ТРЕБА ДА СЕ ГЛАСА НА ИДНИТЕ ИЗБОРИ

Јас мислам дека треба да се гласа за СДСМ.

Не затоа што е нешто којзнае колку добра партија. Не мислам дека е којзнае колку добра партија.

Не затоа што верувам дека може да внесе некои коренити промени. Не верувам дека може нешто од корен да промени.

Не затоа што на нивните листи се наоѓаат најспособните, најчесните, најмудрите кандидати. Не мислам дека на листите се наоѓаат најдобрите, најдоблесните и најчесните.

Не.

Јас мислам дека треба да се гласа за СДСМ заради тоа што тоа е во моментов единствениот начин да излеземе од лавиринтот на диктатурата. Ние се наоѓаме во стапица која не уништува.

Препорачувам да го погледнете филмот Лавиринтот на Пан (Pan’s Labyrinth – 2006, El Laberinto del Fauno).

images

Во такво мрачно време-невреме сме заглавени и СДСМ е онаа едвај подотворена врата. Не кон слобода, не кон светла иднина, не кон големи промени, туку кон лавиринтот на демократијата.

labyrinth

Тоа е она што во моментов го имаме на располагање.

Тоа е шанса да добиеме минимални услови во кои ќе се вратиме кон правото и принципите и критериумите и одговорноста и партиципацијата.

Да ви кажам право, со многу поголем ќеиф би гласала за Левица. Всушност тоа е мојата вистинска определба (и покрај сета нивна сировост, и младост, и несигурност). Меѓутоа, мислам дека во моментов, тоа би било грешка. Од две причини:

1.Левицата во Македонија не е созреана за да може да го победи вистинскиот монструм од лавиринтот.

2.Кога левицата доаѓа на политичката сцена после големи проблеми, деформации на системот и големи нарушувања на демократијата, има големи шанси таа да стане нов диктатор. Левицата треба да израсне како нужен продукт на развиената демократија, која го истрошило модусот на сопственото постоење, бара нови решенија.

Многу ќе треба да се работи со СДСМ за да стане демократска партија која има капацитет да гради демократско општетсво.

Ама, тоа е се што во моментов имаме.

А мора да излеземе од лавиринтот на Пан, и би сакала тоа да се направи без принесување на жртва во крв.

Leave a Reply

Your email address will not be published.