ЧЕСТИТ 8 МАРТ – ЈАС ЈА ПРОДОЛЖУВАМ БОРБАТА, А ВИЕ – КАКО САКАТЕ

Најстрашна е онаа дискриминација во која жртвата не е ни свесна дека е дискриминирана.

Во законите во Република Македонија не се прави разлика меѓу род и пол.

Во македонските закони машкиот род (работник, работодавец) е прогласен за полово неутрален.

Во законите е забранета директна дискриминација, меѓутоа традиционалното однесување во кое местотот на жената е дома, не се смета за дикриминација.

Грижата за децата е работа на мајката (освен ако не умре или е тешко болна).

Во законите се зборува за позитивна акција заради надминување на дискриминацијата на жената, меѓутоа, во пракса не се признава дека има дискриминација и позитивната акција служи за украс или може да се употреби како тоалет хартија (зависно од преференците).

Во сите управни одбори мнозинството членови се мажи, а во Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија од 34 членови три се жени.

На последните избори од  57 избирачки листи, само 4 жени беа носители на листа.

Жените се отпуштаат од работа заради бременост.

Жените добиваат помала плата од мажот за иста работа.

Државата одбива да ја ратификува Конвенцијата против насилство над жената.

57% од дипломираните студенти се жени, 59% магистри и 57% доктори на науки, меѓутоа 36% се професори на факултетите.

58.2% од невработените со високо образование се жени, а 41.8% се мажи.

224 486 жени се домаќинки (што и да значи тоа).

40% од вработените се жени, а 60% мажи.

24.8% од работодавачите се жени, а 75.2% се мажи.

20.8% од оние со плата над 40000 денари се жени, а 79.2% се мажи.

Жените не работат, ама не ни користат социјална помош. 26% од корисниците на социјална помош се жени, а 74% се мажи.

ПРОВЕРКА ЗА ЧИТАТЕЛОТ:

ВО УЧЕБНИКОТ ЗА ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ СЕ ТВРДИ ДЕКА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА СЕ ПОСЕБНИ ПРАВА И ДЕКА САМО ПОЧИТУВАНИТЕ ЖЕНИ И ЗДРАВИ МАЈКИ МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДАТ ЗДРАВИ СЕМЕЈСТВА, А ВТОРООДЕЛЕНЦИТЕ ПОДГОТУВУВААТ ОСМОМАРТОВСКИ РЕЦИТАЛ:

АКО НЕ РАЗБИРАТЕ ШТО Е ГЛУПО ВО ОВА ТВРДЕЊЕ И ВО ОВОЈ РЕЦИТАЛ ТОГАШ ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И НЕМА ПОТРЕБА ДА ГО ОДБЕЛЕЖУВАТЕ 8 МАРТ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.