МИРНИТЕ ПРОТЕСТИ СЕ СУШТИНСКИ ЕЛЕМЕНТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Приведени четворица припадници на Левица поради протест
  1. Никако не смее да биде ограничено правото на протест.
  2. Приведувањето во полициска станица заради легитимирање е само лош изговор за отстранување на протестантите.
  3. И јас сум многу против прикажување на оружје на плоштадите низ земјата и промоција на воена моќ па уште на странска држава. На што личи ова? Војници во полна воена опрема и тенкови под полно вооружување? Срамно и јадно. Тој што го дозволил малку да се чукне со прст по глава. Сте виделе вакво нешто во некоја друга држава? А да донесевте и деца од градинките и основните училишта малку да се промешаат меѓу оружјето?

ЗАШТИТНИЦИ НА КРИМИНАЛОТ

се луѓе кои од позиција на моќ ги штитат тие кои краделе, мамеле, убивале, измачувале, рекетирале, понижувале исто така од позиција на моќ.
Со тоа што ја блокираат работата на Собранието овие луѓе го поткопуваат уставниот поредок на државата.
Со тоа што директно и/или индиректно поддржаа насилство во Собранието, овие луѓе учествуваат во насилно рушење на уставниот поредок на државата.
Со тоа што не дозволуваат да биде сменет ЈО против кој демонстрираа илјадници граѓани многу долго време, овие луѓе спречуваат да се воспостави правната држава и да почне да функционира правосудниот систем.
Мислам дека оние кои гласале за партијата на која и припаѓаат треба да почнат да им поставуваат прашања за тоа како ги застапуваат нивните потреби и интереси, како нивната работа обезбедува подобар и посигурен живот на граѓаните на Македонија и како со своите активности го овозможуваат владеењето на правото.

Грујевски и Бошковски недостапни за полицијата

За бегтството на Грујевски и Бошковски се одговорни судиите и полицијата.

Станува збор или за голема небрежност (што е еднакво на вина) или пак за намерни дејствија (што е еднакво на соучесништво).

ДОГОВОР СО БУГАРИЈА

Ете, го видовме.

Мене ми изгледа сосема во ред.

Имам само една забелешка (точка 5 од членот 11 која единствена не содржи реципроцитет).

Ајде сега нека ги објават јавно ДПМН-овците забелешките кои ги дале на затворената седница на собраниската комисија.

А Илија Димовски кој бара ратификација на договорот пред потпишување, немам намера ни да го коментирам. Утре најверојатно и тој (како неговото другарче Латас) ќе ни каже дека воопшто не го мисли тоа што го зборува, туку едноставно за тоа е платен.

КОМУ МУ ПРЕЧИ ИДЕЈАТА ЗА ИНЦЕНЕРАТОР?

Регионална депонија спас за Струга. 

А зошто не инценератор?

Зошто да не се произведува енергија од сметот?

Кому му пречи употребата наместо складирањето на сметот?

Може да им пречи само на мафијаши кои сакаат да профитираат без да вложуваат. И кои апсолутно не размислуваат за добробитта на граѓаните на подолг период. И кои сакаат преку ноќ да се збогатат.

Исто како и градежната мафија, така и мафијата поврзана со складиштење на смет е рак рана на секоја заедница.

Ајде да влеземе во 20 век, за да може пополека да ги стигнеме тие кои се веќе во 21.

Ајде да учиме од најдобрите.