20 телохранители за поранешниот премиер, а сега главен обвинет за големи прекршувања на законите

20 телохранители за Груевски.

Што може да значи ова?

  1. Може да значи дека човекот има ментален проблем (некој вид на параноја) и како таков не е деловно способен ниту за функцијата пратеник, ниту за функцијата претседател на политичка партија (а треба да се преиспитаат и неговите одлуки донесени од функцијата премиер).
  2. Може да значи дека толку длабоко заглибил во криминал и криминални договори што сега мора да се брани од довчерашните другарчиња.
  3. Може да значи дека направил такви големи криминали што некој има голем мотив да му се освети.
  4. Може да значи дека гледа како постепено го губи вниманието и прави се за повторно на некаков начин да го добие, па се обидува да си придаде важност и на ваков начин.

Во секој случај е противзаконски, а доколку МВР утврди дека навистина има реална опасност тогаш треба да се стави во сигурна куќа и да не се мува наоколу и на тој начин да ги доведува во опасност и другите околу себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published.