ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА

Во напливот на ентузијазам и желбата што е можно побргу да се направат промени, многу лесно се заборава дека формата претставува суштински елемент на демократијата.

И најдобрите решенија кои не се донесени во соодветна процедура и со почитување на демократските правила нема ни за инч да не поместат од диктатурата во која не заглави ДПМНЕ.

Правилата и процедурите не се измислени за да се отежне процесот на одлучување, или, за да има со што да се занимаваме вои слободно време, или за да се уморат луѓето. Почитувањето на процедурите и правилата овозможува:

  1. Донесување решенија кои произлегуваат од потребите и интересите на граѓаните.
  2. Донесување решенија кои ја одразуваат разноликоста на населението.
  3. Донесување решенија кои се применливи во конкретни услови.
  4. Контрола над оние кои се на власт.
  5. Идентификување на пречекорувањата на овластувањата.
  6. Санкционирање на пречекорувањата на овластувањата.
  7. Објективност која произлегува од однапред поставени критериуми кои имаат смисла.

Секое донесување одлуки без јавни расправи, без јасно образложена потреба, без постоење барем на неколку алтернативни решенија и без вградени механизми за евалуација на ефектите е играње на демократија, а практикување на диктатура.

Злоупотребата на процедурите и правилата веднаш укажува на недемократско однесување кое преку рушење на системот сака да го обесмисли и да наметне диктатура. Секое измотавање со правилата и процедурите, нивно доведување до апсурд, и, отсуство на содржина која тие процедури и правила ја обликуваат, односно, на која се однесуваат, е урнисување на демократијата и воспоставување на диктатура.

 

Leave a comment

Your email address will not be published.