ПРАТЕНИЦИ – КРАДЦИ

Уште малку за трошоците на пратениците (ова би требало да го прават новинарите, а не јас).

Според ЗАКОНОТ ЗА ПЛАТА И ДРУГИТЕ НАДОМЕСТОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ДРУГИТЕ ИЗБРАНИ И ИМЕНУВАНИ ЛИЦА ВО РЕПУБЛИКАТА:

  1. надоместок на трошоците за користење автомобил во лична сопственост за службени цели – до износот што според еден изминат километар не може да биде поголем од 30% од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи

ОВА НЕ Е ФОРМУЛА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ КОЈ ТРЕБА ДА БИДЕ ИСПЛАТЕН ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ, ТУКУ МАКСИМУМОТ КОЈ МОЖЕ/СМЕЕ ДА БИДЕ ИСПЛАТЕН.

ФОРМУЛАТА ЗА ИСПЛАТА Е СОДРЖАНА ВО ОПШТИТЕ АКТИ НА СОБРАНИЕТО И ТАА МОРА ДА БИДЕ СОСТАВЕНА ОД МЕРЛИВИ И ФАКТИЧКИ ТРОШОЦИ:

  • КИЛОМЕТРИ
  • ЦЕНА НА ГОРИВОТО КОЕ ГО КОРИСТИ АВТОМОБИЛОТ КОЈ СЕ КОРИСТИ
  • ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА НА АВТОМОБИЛОТ КОЈ СЕ КОРИСТИ
  • ПРОЦЕНТ НА АМОРТИЗАЦИЈА
  • ПАТАРИНИ

СО ПРЕСМЕТКАТА ТРЕБА ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ОДРЕДЕНА СУМА КОЈА МУ СЕ ИСПЛАТУВА НА ПРАТЕНИКОТ ЗА СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ. ДОКОЛКУ ТАА СУМА ГО НАДМИНУВА МАКСИМУМОТ ПРЕДВИДЕН ВО ЗАКОНОТ, НА ТОЈ ПРАТЕНИК НЕ МУ СЕ ИСПЛАЌА РАЗЛИКАТА (ЗАРАДИ ТОА Е СТАВЕН МАКСИМУМОТ).

ЕВЕ НА ПРИМЕР, ДОКОЛКУ ЈАС КАКО ПРАТЕНИК БИ ГО КОРИСТЕЛА МОЈОТ ЛИЧЕН АВТОМОБИЛ ЗА ПАТУВАЊЕ ДО ВЕВЧАНИ (ХИПОТЕТИЧКИ):

  • КИЛОМЕТРИ – 368
  • ЦЕНА НА ГОРИВОТО КОЕ ГО КОРИСТИ АВТОМОБИЛОТ КОЈ СЕ КОРИСТИ – 50 ДЕНАРИ
  • ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА НА АВТОМОБИЛОТ КОЈ СЕ КОРИСТИ – 6 ЛИТРИ НА 100 КИЛОМЕТРИ
  • ПРОЦЕНТ НА АМОРТИЗАЦИЈА – 30% (ОВА КАКО НЕКОЈ МАКСИМУМ)

РЕЗУЛТАТОТ Е ДЕКА ДОКОЛКУ ПАТУВАМ СЕКОЈ ДЕН (22 ДЕНА ВО МЕСЕЦОТ ОД ВЕВЧАНИ ДО СКОПЈЕ И НАЗАД) ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ТРЕБА ДА МИ БИДАТ ИСПЛАТЕНИ 38000 ДЕНАРИ (630 ЕВРА). ВО ОВА СЕ ЗАСМЕТАНИ И ПАТАРИНИТЕ.

ДОКОЛКУ КАКО ПРАТЕНИК КЕШИРАМ 2500 ЕВРА (ХИПОТЕТИЧКИ), СЕ ПОЈАВУВА РАЗЛИКА ОД 1870 ЕВРА (ПОД ПРЕТПОСТАВКА ДЕКА СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН СУМ ПАТУВАЛА ОД ВЕВЧАНИ ДО СКОПЈЕ И НАЗАД).

ИСПЛАТАТА СЕ ВРШИ ВРЗ ОСНОВА НА ПРИЛОЖЕНИ СМЕТКИ ОД БЕНЗИНСКА И ЛИВЧИЊА ОД ПАТАРИНИ ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ТОЧНО СЕ ГЛЕДА КОГА ДОАЃАЛ ПРАТЕНИКОТ И КОГА СИ ОДЕЛ ДОМА. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА  ДОКОЛКУ НЕКОЈ МИ ИСПЛАТИЛ БИЛО КОЈА СУМА БЕЗ ПРИЛОЖЕНА СМЕТКА И ПАТАРИНИ, И ЈАС КАКО ПРАТЕНИК (ХИПОТЕТИЧКИ) И ТОЈ КОЈ ШТО ИСПЛАТИЛ СМЕ НАПРАВИЛЕ КРИВИЧНО ДЕЛО КРАЖБА. 

  1. надоместок поради одвоен живот од семејството до 30% од просечната нето месечена плата по работник исплатен во Република Македонија во претходните три месеци;

ВТОРО ПРАШАЊЕ КОЕ ТРЕБА ДА СЕ РАСЧИСТИ Е ДАЛИ ЈАС КАКО ПРАТЕНИК СУМ  ЗЕЛА НАДОМЕСТОК ЗА ОДВОЕН ЖИВОТ. ДОКОЛКУ СУМ ГО ЗЕЛА ОВОЈ НАДОМЕСТОК ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НЕ СИ ОДАМ ДОМА, И НИКАКО НЕ МОЖЕ ДА ЗЕМАМ ПАТНИ ТРОШОЦИ КАКО СЕКОЈ ДЕН ДА ПАТУВАМ ДО СКОПЈЕ И НАЗАД.

  1. надоместок за селидбени трошоци од местото на живеалиштето до местото во кое се врши функцијата, односно до местото на преселување во рок од една година од денот на престанување на функцијата. Во селидбени трошоци на функционерот се признаваат и трошоците за превоз на функционерот и на членовите на неговото домаќинство. Селидбените трошоци и трошоци за превоз се исплатуваат врз основа на приложени сметки и документација, под услови утврдени со општиот акт на органот од член 3 на овој закон

ТРЕТО ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ СУМ ЗЕЛА НАДОМЕСТОК ЗА СЕЛИДБА, ШТО БИ ЗНАЧЕЛО ДЕКА МОЕТО  СЕМЕЈСТВО Е СО МЕНЕ, ПА НЕМА ПОТРЕБА ОД 30% ЗА ОДВОЕН ЖИВОТ И СЕ ПРОБЛЕМАТИЗИРА СЕКОЈДНЕВНОТО ПАТУВАЊЕ ДО ВЕВЧАНИ НА ПРИМЕР.

МНОГУ Е ВАЖНО ВО ПРАТЕНИЧКИТЕ КЛУПИ ДА СЕДАТ ПРАТЕНИЦИ, А НЕ КРАДЦИ. А КОНТРОЛАТА Е ЛЕСНА, САМО АКО НЕКОЈ САКА ДА ЈА НАПРАВИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.