ХАЈД ПАРК

Мицкоски даде изјава за медиумите. И медиумите ја пренесоа. Некои повеќе, некои помалку.

Што има во изјавата:

  1. Еден куп невистини (како на пример онаа дека “Македонија никогаш како што е сега не била по поделена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален, ниту по граѓанска основа. “. Или, онаа дека “Македонското општество во овој момент се наоѓа во можеби најтешката ситуација од осамостојувањето на Република Македонија“.). Изгледа Мицковски не бил во Македонија кога се случи инцидентот на Кале, или кога беа тепани студентите од Архитектонскиот факултет, или кога се степаа средношколците во Струга, или етничките немири во Скопје, или …
  2. Преземени содржини од написите и настапите на граѓански активисти во периодот на борбата со режимот на Груевски (како на пример “никакви реформи во економијата, нула реформи во здравството, катастрофални реформи во образованието, осиромашување, пљачкосување на македонската држава, иселување, крајна разочараност, демотивација, деморализирање на граѓаните на Република Македонија, без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност“. Сигурно ова му останало на Мицковски како начин на добивање оценки со препишување од основно и средно училиште, па ете си продолжил и сега.
  3. Барање за избори, што е и единственото нешто кое ВМРО-ДПМНЕ научи да го прави изминатите години ( во 11 години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа одржани 5 избори за пратеници во Собранието на Република Македонија).
  4. Измотавање (како изјавата “Имаме време и за реформи, имаме време и за сето она што Зоран Заев не го направи изминатите речиси две години, но исто така тоа ќе биде можност да ги корегираме сите грешки кои што Зоран Заев и владата на СДСМ од секаква природа ги направија изминативе две години.“ која е многу смешна ако се има предвид дека имале 11 години време сето тоа да го направат, а не го направиле).

Демократијата е премногу важна работа за да може да биде препуштена на шарлатани.

Тоа не значи дека и тие (шарлатаните) немаат право на мислење и на изразување. Никако.

Само во развиените демократски општетсва ним им се посветува внимание соодветно на вредноста на нивните изјави.

И ние имаме убави гајби на кои можат колку што сакаат и што сакаат да си зборуваат. И да им биде посветено соодветно внимание.

Само никако не смееме да го помешаме нивното шлакање со сериозни изјави на луѓето кои би требало да го трасираат патот на демократијата.

 

 

364 total views, 2 views today

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.