ЗА КРАТКОТО ПОМНЕЊЕ И НЕОДГОВОРНАТА ВЛАСТ

НЕ МОЖЕ ДА ИЗГРАДИМЕ ПРАВНА ДРЖАВА БЕЗ ОДГОВОРНОСТ.

Мора да има одговорност за кажаното, за направеното, за ненаправеното, за пропуштеното, за себе, за оние кои се под наш надзор, за …

Во оној лошиот социјализам е напишано едно прекрасно драмско дело со насов: Парадоксот на Диоген. 

Драма за одговорноста, за настанувањето на неодговорното општетсво, за последиците од неодговорноста.

Престанете да ги браните оние кои се на власт, на функција на која презеле одредена одговорност и ја згрешиле работата.

Неодговорноста е како гангрена. Се шири од навидум мала раничка, која загнојува која ја труе крвта и на крај завршува или со ампутација или со смрт.

Неодговорноста убива и секое неказнување на неодговорното однесување е акт на соучесништво во идните смртни случаи.

Што стана на пример со одговорноста за поплавите во Стајковци кога загинаа не двајца, не 15 туку 23 луѓе?

Стајковци сѐ уште под закана од поплави
Само одговорноста за последиците од поплавите е одвоена од државата
Во 2009 Груевски ја пуштил обиколницата, иако знаел дека го поплавува Стајковци
Манчевски: лошата обиколница на Груевски и Трајановски потопи луѓе, ни треба нова и одговорна власт
ОРЦЕВ: ЌЕ СЕ ЛОЦИРА ВИНАТА И ОДГОВОРНОСТА ЗА ПОПЛАВИТЕ!
За последиците од поплавите се виновни институциите!
Катастрофална поплава во катастрофална држава: (Не)одговорноста на УХМР
Обиколницата и во 2009 го поплави Стајковци, но надлежните не реагираа
Георгиевски: Стајковци ќе добие конкретни решенија за превенција од поплави
Одговорност е oбиколница што не предизвикува поплави

На крај се заврши со доделување плакети и награди?

Каде е одговорноста за која лаеа сегашните функционери на СДСМ, а тогашни опозиционери?

Истражија? Поправија? Променија? Создадоа систем во кој тоа нема да се повтори? Казнија?

Велат дека златната рипка има меморија од пет месеци. Во мојата држава живеат илјадници златни рипки. Колку е лесно да се биде функционер во ваква држава.

Решете се или ќе бидете златни рипки или ќе бидете граѓани и нема да дозволите секоја маалска будала да си поигрува со вашата судбина.

И да, секој кој ќе биде перцепиран како неодговорен функционер треба да биде разрешен од функцијата. Почнувајки од Талат Џафери, па преку над 80% од министрите, и над 80% од новопоставените и старопоставените директори, државни секретари, заменици министри и останата неодговорна багра.

За оние во управните одбори и надзорните одбори воопшто не сакам ни да пишувам. Тоа се трутови кои треба едноставно да бидат отстранети. Не заменети, туку отстранети.

Или толку ви е убаво да ве лажат што едноставно секое спомнување на одговорноста го сметате како скрнавење на убавите сеќавања на моментите надеж кои ви ги подаруваат идните носители на власта?

Ако е така, навистина многу се извинувам што се обидов да ве разбудам.

375 total views, 1 views today

АЈДЕ ДА СТАНЕМЕ ДРЖАВА, А НЕ ПЛЕМЕНСКИ СОЈУЗ

Моето излагање на конференцијата на ЦИВИЛ.

Имаше големи очекувања дека после 11 години назадување, владеење кое покажуваше очигледни елементи на фашизам (колку и популистички да звучи терминот) ќе се случи променакоја ќе биде револуционерна, коренита, системска и сеопфатна, а не чепкање по површината на проблемот.

Се покажа дека корените на проблемот се подлабоки отколку што очекувавме.Дека воопшто не санува збор за партиско едноумие или за партизација на државата.

Всушност во Македонија воопшто и нема политички партии туку има етно-племенски кланови.

Под превезот на политичка борба на политичките партии се затскрива борбата за територија на етно-клановите. Тие не ја освојуваат власта туку ја освојуваат територијата на државата. Тие се доживуваат и однесуваат како окупатори на некој туѓа/непријателса држава од која треба да извлечат што е можно поголема корист за времето кое го имаат на располагање. За да покажат дека ја освоиле непријтелската територија прво ја бојат со своите бои, па ја деат на сфери на влијание на сојузниците.

Ова кореспондира со нивото на развој на генералната свест, застанато некаде на етно-племенските односи. Кога ќе се освои непријателската територија, секое племе од една етничка заедница си ги носи со себе своите племенски другарчиња затоа што само во нив има доверба. Па се создава некој штипски клан, па прилепски, па струмички, па гостиварски па кумановски. И туку гледаш одеднаш бенефиции сите припадници на една етно-племенска заедница, па на друга.

Со припадниците на другите етно-плменски заедници може да се договараат, да се пушат лулиња на мирот и слично, меѓутоа постојан проблем им се оние неопределените. Со нив не знаат што да прават и како кој ќе дојде на власт се обидува да ги обои во своите бои. Кај оние кои нема да може да ги обои ги прогласува за припадници на другата етно-племенска  заедница или просто ги игнорира.

И во сета оваа кармакашија доаѓаат некои од надвор со препораки и барања за  итни рефорсмки приоритети.  Вели: независни регулаторни, надзорни и контролни тела. Па:  членови со професионални способности, професионално искуство соодветно за областа, компаративна предност при изборот/ именувањето. А никаде не се спомнуваат племиња. Понатаму: деполитизација на јавната администрација. Транспарентност, заслуга правична застапеност, а пред тоа да се дадат бројките за да се дознаат потребите. Шпански села за нашите дични племенски главешини.

Кави бре способности, искуство, департизација. Доаѓа новото племе на власт и ја освојува територијата. Најстранспарентно. Без криење. И вели, до сега овде беше друго племе, ама сега ние сме на власт и нашето племе ќе ги има привилегиите. Се според закон, затоа што законот сме ние.

И вие ме прашувате за перспективи. И очекувате нешто паметно да ви кажам. Нема перспектива. Се додека не излеземе од нивото на развој кое соодветсвува на етно-племенско уредување, нема мрдање.

Племенскиот совет на СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ не исполнува елементарни услови за да направи било каква промена.

И на крај мора да кажам дека во ова голем удел имаат и странците и ќе мора да го преземат сосптевниот дел од одговорноста. Во ниту еден момент не застанаат вистински зад граѓанскиот модел туку цело време кокетираат со етничкиот, па и племенскиот.

358 total views, no views today