АЈДЕ ДА СТАНЕМЕ ДРЖАВА, А НЕ ПЛЕМЕНСКИ СОЈУЗ

Моето излагање на конференцијата на ЦИВИЛ.

Имаше големи очекувања дека после 11 години назадување, владеење кое покажуваше очигледни елементи на фашизам (колку и популистички да звучи терминот) ќе се случи променакоја ќе биде револуционерна, коренита, системска и сеопфатна, а не чепкање по површината на проблемот.

Се покажа дека корените на проблемот се подлабоки отколку што очекувавме.Дека воопшто не санува збор за партиско едноумие или за партизација на државата.

Всушност во Македонија воопшто и нема политички партии туку има етно-племенски кланови.

Под превезот на политичка борба на политичките партии се затскрива борбата за територија на етно-клановите. Тие не ја освојуваат власта туку ја освојуваат територијата на државата. Тие се доживуваат и однесуваат како окупатори на некој туѓа/непријателса држава од која треба да извлечат што е можно поголема корист за времето кое го имаат на располагање. За да покажат дека ја освоиле непријтелската територија прво ја бојат со своите бои, па ја деат на сфери на влијание на сојузниците.

Ова кореспондира со нивото на развој на генералната свест, застанато некаде на етно-племенските односи. Кога ќе се освои непријателската територија, секое племе од една етничка заедница си ги носи со себе своите племенски другарчиња затоа што само во нив има доверба. Па се создава некој штипски клан, па прилепски, па струмички, па гостиварски па кумановски. И туку гледаш одеднаш бенефиции сите припадници на една етно-племенска заедница, па на друга.

Со припадниците на другите етно-плменски заедници може да се договараат, да се пушат лулиња на мирот и слично, меѓутоа постојан проблем им се оние неопределените. Со нив не знаат што да прават и како кој ќе дојде на власт се обидува да ги обои во своите бои. Кај оние кои нема да може да ги обои ги прогласува за припадници на другата етно-племенска  заедница или просто ги игнорира.

И во сета оваа кармакашија доаѓаат некои од надвор со препораки и барања за  итни рефорсмки приоритети.  Вели: независни регулаторни, надзорни и контролни тела. Па:  членови со професионални способности, професионално искуство соодветно за областа, компаративна предност при изборот/ именувањето. А никаде не се спомнуваат племиња. Понатаму: деполитизација на јавната администрација. Транспарентност, заслуга правична застапеност, а пред тоа да се дадат бројките за да се дознаат потребите. Шпански села за нашите дични племенски главешини.

Кави бре способности, искуство, департизација. Доаѓа новото племе на власт и ја освојува територијата. Најстранспарентно. Без криење. И вели, до сега овде беше друго племе, ама сега ние сме на власт и нашето племе ќе ги има привилегиите. Се според закон, затоа што законот сме ние.

И вие ме прашувате за перспективи. И очекувате нешто паметно да ви кажам. Нема перспектива. Се додека не излеземе од нивото на развој кое соодветсвува на етно-племенско уредување, нема мрдање.

Племенскиот совет на СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ не исполнува елементарни услови за да направи било каква промена.

И на крај мора да кажам дека во ова голем удел имаат и странците и ќе мора да го преземат сосптевниот дел од одговорноста. Во ниту еден момент не застанаат вистински зад граѓанскиот модел туку цело време кокетираат со етничкиот, па и племенскиот.

405 total views, 2 views today

Leave a Reply

Your email address will not be published.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.