ЗА ШАМИИТЕ И СЛИКАЊЕТО

Ова со шаммите и сликањето за лична карта ми е многу проблематично.

Религиозните догми се моќна работа. Кај Коранот и забраната на покажување на телото постојат неколку дубиози за кои може да се расправа, меѓутоа, доколку луѓето решиле дека тоа ќе биде правило што ќе го почитуваат како дел од сопствената религија јас го прифаќам.

Се поставува прашањето како тоа правило се рефлектира на останатите. Имено, во моментот кога правилата кои одредена група луѓе си ги прифатила и решила својот живот да им го прилагоди,   излезат надвор од групата, односно таа група сака да им ги наметне и на другите, имаме проблем. На пример имам голем проблем кога луѓето кои почитуваат одредени религиозни правила според кои сексот вон брак е забранет сакаат тоа правило да го прошират на сите, или кога сакаат да го наметнат правилото според кое не смеат да општат луѓе од ист пол, или правилото дека комерцијалните сексуални работнички се жени од вотр ред.

Дали во случајот станува збор за такво нешто?

Што е со сликата? Мислам дека Сликата сама по себе е многу проблематично средство за идентификација. Можат да се менуваат коса, веѓи, може да се прави пластична операција (помали или поглеми интервенции на лицето, ушите). Најверојатно би требало веќе да се најдат посоодветни начини за идентификување кои ова прашање би го направиле беспредметно. Во моментот навистина не мислам дека марамата во некоја драстично поголема мера го менува лицето отколку другите средства кои им стојат на располагање на луѓето (а кои не се забранети).

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

ПРАШАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИ

Деновиве малку шетав по интернет страните на кои што се прикажани резултати од различни мерења на развојот на демократијата и рангирања на државите според остварувањето на некои од милениумските цели (http://info.worldbank.org/governance/wgi2007/mc_countries.asp; http://www.worldaudit.org/democracy.htm; http://www.stateofworldliberty.org/; http://hdrstats.undp.org/countries/country_fact_sheets/cty_fs_MKD.html; http://www.heritage.org/research/features/index/countries.cfm; https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/index.html)

Во најголем број од рангирањата Македонија котира во некои долни делови од табелите (резервирани за “третиот свет“):

демократија 61. од 150
слобода на печатот 63. од 150
корупција 67. од 145
економска слобода 71. од 156
индивидуална слобода 69. од 145

Има само една табела во која сме суверено во горниот дел (10. од 172 држави). Тоа е табелата за % кој што се издвојува од GDP (вкупен домашен производ) за војска. На оваа табела зад Македонија се САД, Словенија, Хрватска, а да не зборуваме за Германија (на бедно 109. место), Албанија (111.), Австрија (139), Јапан (148) и кутриот Исланд кој цврсто го држи последното место (со 0% издвојувања за војска).

Ова е многу интересно да се спореди со % кој што Македонија го издвојува за образование (3.5 од GDP). Само за споредба:

држава % од GDP за војска % од GDP за образование
Македонија 6% 3.5%
Грција 4.3% 4.3%
Финска 2% 6.5%
Исланд 0% 8.1%

Ако погледнеме низ призмата на овие бројки, можеби не треба да не изненадува резултатот. Само како пример, неколку споредби со Финска (не затоа што е нордиска земја, туку затоа што е релативно мала земја, без многу природни ресурси, опкружена е со моќни држави кои посегнувале по нејзината територија и ја држеле во ропство, и затоа што е дел од ЕУ дури од 1995 год, а жолтото лавче на црвена основа е добро):

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

” />

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

” />

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

” />

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

” />

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

” />

А чувството е уште потрагично е ако се споредиме со просекот на источно-европските држави:

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Можеби навистина прашањето да е во приоритетите?

БЕЗАЛТЕРНАТИВНОСТ

Многу ми пречи праксата на еднозначност која упорно продолжува да се негува во Македонија. Наводно влеговме во нов политички систем, наводно почнавме да гледаме плуралистички и навидум постои слобода на мислата, изразувањето, слободна размена на информации и различност на видувањата.

Фактички, се промовира едноумие од најлош вид. Едноумие кое не смееш ни да го спомнеш а камо ли да го оспориш затоа што наводно станува збор за одлуки што не се коментираат, теми за кои сите еднакво размислуваме, цели кон кои сите заедно рака под рака се стремиме.

Јас живеев и се образував и работев во време на едноумие, и ја знам погубната моќ на истоветноста и унифицираноста. Сакам да ги слушнам сите размисли и сите идеи и да ги измерам позитивните и негативните последици што може да следат после различни активности.

Сакам да слушнам зошто тоа мора и како тоа сите сакаме да влземе во НАТО? Што воопшто подразбираат под НАТО луѓето кои ги прашуваат на улица за нивниот став во врска со приклучувањето на Македонија, дали знаат што фактички значи во однос на економијата, односите со другите држави (во и вон НАТО), глобалната положба на државата.

Не ми се допаѓа тоа што влезот во ЕУ ми се сервира како единствена алтернатива. Сакам да знам што ќе добие Македонија, а што ќе изгуби, што ќе добијат одредени категории луѓе во Македонија, а што ќе изгубат, што ќе добијам јас лично, а што ќе изгубам. Сакам да знам дали постојат и други размисли за развој на Македонија, За земјите кои не сакаат во ЕУ или кои сакаат да излезат од ЕУ. Сакам да слушнам зошто во Македонија не се иницира референдум за ниту едно од клучните прашања кои го одредуваат нашиот и животот на нашите деца.

Не ми се допаѓа кога некој ќе рече дека името е табу тема. Не признавам постоење на такви теми. Јас сакам за името да разговараме. Што би значела неговата промена (за државата, за граѓаните, за мене). Сакам да дознаам што е направено до сега и зошто е така на правено. Сакам да знам што сме изгубиле со задржувањето на името, а што сме добиле.

Сакам да се разговара за теми кои на прв поглед изгледаат неприфатливи до корен. Зошто никој не зборува за евентуална поблиска еконосмка соработка со некои од нашите комшии. Соработка која што би можела да биде формализирана на одредено ниво. Зошто не и политичка? Со Косово, со Албанија, со Бугарија, со Грција, со Србија, на ниво на Балкан. Зошто веќе никој не зборува за идејата за Балканска федерација.

Кој го загуши разговорот. Кој ја уби алтернативност уште пред да биде родена?