ЈАС ГЛАСАМ ПРОТИВ

Прво ја прогласија верата за знаење, Потоа донесоа едногласна одлука наместо училишта да се градат цркви. Сега и најотворено го прекршија Уставот и едногласно донесоа одлука на среде плоштадот да се изгради црква, за да можат тие во злато и срма да ни воспостават линк со Господа. Јас гласам против. Против трошењето на моите пари […]

ВЕРОНАУКА (2)

Продолжението на моето верско образование доби многу интересна еротско-порнографска насока. Имено, наредните страни на Првата Мојсеева книга се исполнети со секс, проституција, инцест и подведување (покрај миењето нозе кое како ритуал го вовел Господ и кое има исклучително позитивни последици по хигиената на луѓето и ден денес).

ВЕРОНАУКА

Веќе подолго време се зборува за внесување на веронауката во формалното државно образование, а од неодамна, во рамките на кампањата на Владата за стимулирање повисоко ниво на образование кај населението, се појави спот во којшто 10 божји заповеди се идентификуваат како непроменлив фундус на знаењето на човекот.  Јас верувам во доживотното учење и сфатив дека […]