ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ Е НАМЕНЕТ ЗА СОЗДАВАЊЕ КОНФЛИКТИ

Има простор за подобрување на содржината на Законот за употреба на јазиците и не сум единствениот кој смета дека се работи за комплициран текст кој не е лесно да се разбере, вели францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Доколку се извади обландата на дипломатијата од оваа изјава, останува констатацијата дека […]

Етно-национализмот е болест

Кон колумната на мојот драг пријател Беким Кадриу. Етно – национализмот е тежок болештилак. Симптомите релативно лесно се препознаваат: во секоја ситуација се брани сопствената етничка заедница, таа за ништо не е крива, таа е напатена и обесправена, “другиот“ цело време ја загрозува, потребно е обединување на сите околу етно-центарот, … Етно-националистот ја прилагодува историјата […]

ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБАТА НА ЈАЗИЦИТЕ

Морам да признаам јас лично бев против донесување на еден ваков закон. Мислев (и се уште мислам) дека материјата на употребата на јазиците најдобро може да се уреди со ратификација на Повелбата за регионалните и малцински јазици на Советот на Европа. Оваа повелба плени со својата идеја за заштита на јазиците како дел од културното […]

ЗА ЗАКОНИТЕ КОИ ГО ЗАТСКРИВААТ КРИМИНАЛОТ И ИЗВРШИТЕЛИТЕ КОИ ГИ ПРЕКРШУВААТ ЗАКОНИТЕ

Една криминална власт чија главна цел беше да го исцица народот до последна капка крв, внесе хаос во законското регулирање кој содава привид на право, а всушност го овозможува неправото. Криминалната власт ја тргнавме, криминалот не. Резултатите на криминалното владеење беа страшни и многу видливи: Граѓани плачат во УЈП поради блокирани сметки за МРТВ,Повеќе од 167 […]

ПОЛИТИКА НАСПРОТИ ПРАВО

Американци, Европјани, Прибе, Хан, Бејли, Вајгл, … пораки, анализи, забелешки, препораки, … Често слушам: така рекоа странците, тоа го пишува кај Прибе, овие забелешки ни ги дадоа во Брисел, Хан ни порача, Американците бараат, …, и мора да постапиме така. Не сум сигурна дали станува збор за незнаење или пак за затскривање  зад овие флоскули, […]