10 -ТИ ДЕКЕМВРИ 2008

60 ГОДИНИ УНИВЕРЗАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Човековите права претставуваат систем од правила за кои се договориле луѓето. Човековите права не се природни и покрај тоа што му припаѓаат на секој човек со неговото раѓање. Тие се многу вештачки, дефинирани од човекот на одреден степен од неговиот цивилизациски развој. Правата ги имаме затоа што така се договориле луѓето.…

ШТРАЈК

Власта која го забранува штрајкот е власт којашто ги крши основните права и слободи на човекот.

Според чл. 38 од Уставот на Република Македонија:
Се гарантира правото на штрајк.
Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата.

Според чл. 51 од Уставот на Република Македонија:
Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според чл. 54 од Уставот на Република Македонија:
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.

ПОЛИЦАЈЦИТЕ НЕ СМЕАТ ДА СЕ УБИВААТ

Сакам од почеток да биде сосема јасно: јас сметам дека нападот на полиција и убиството на полицаец претставува нешто што сите треба да не загрижи и алертира. Исто така сметам дека секој учесник во напад на полицаец (посебно кога нападот завршил со смрт на полицаецот) мора да биде фатен, изведен пред суд, да му се докаже вината и да му биде изречена соодветна пресуда. Не смее да остане нерешен ниту еден случај на напад врз полицаец.

КОЈ ЈА УНИШТУВА ПРАВНАТА ДРЖАВА?

Наместо да градиме правна држава, во Република Македонија се одвива процес на нејзино потполно рушење. Рушењето на правната држава започнува од највисокиот орган на власта – законодавното тело- Собранието на република Македонија.

И во овој конкретен случај за кој пишувам (како и многу пати претходно) беше применета веќе усталената пракса големите прекршувања на правото кои се прават од страна на оние кои би требало да го промовираат, штитат и обезбедуваат да бидат минимизирани и брзо-брзо заташкани. 1-2 пратеника го поставија прашањето на седницата на Собранието, 1-2 експери дадоа мислење во медиумите, …, и толку. Молк. Молк во медиумите, молк од страна на политичките партии, молк од страна на експертите.

Во што се состои прекршувањето:

1. Во член 67 од Уставот се вели дека: “Претседателот на Собранието го претставува Собранието, се грижи за примена на Деловникот на Собранието и врши други работи утврдени со Уставот и со Деловникот на Собранието“. Во член 60 од Деловникот на Собранието се повторува истата обврска.

2. Во член 167 се дадени критериуми врз основа на кои законите можат да бидат донесени во итна постапка: “По исклучок закон може да се донесе и по итна постапка. По итна постапка може да се донесе закон кога тоа е неопходно заради спречување и отстранување на поголеми нарушувања во стопанството или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката или во случаи на поголеми природни непогоди, епидемии или други вонредни и неодложни потреби. Предлогот, законот да се донесе по итна постапка, предлагачот е должен да го образложи. Кон предлогот, законот да се донесе по итна постапка се поднесува и предлогот на законот чие донесување се предлага.

3. Ниту еден од критериумите наведени во членот 167 не може да се поврзе со ниту еден од над 100 закон донесени по итна постапка во рок од 1 месец (во периодт: 25.06-30.07.2008 година). Нема опасност од поголеми нарушувања на стопанството и не го бараат интересите на безбедноста на Републиката донесувањето по итна постапка на законите за:   евиденција во областа на трудот,  вработување и осигурување во случај на невработеност,  шумите,  дејност, високото образование,   научно-истражувачката дејност,  судската служба,  малолетничка правда,  заштита на децата,…, и уште 100 вакви закони. Во исто време не слушнав дека во Република Македонија имало епидемија или таква непогода која би овозможила активирање на овој член од Деловникот.

4. Образложението кое се дава кај сите овие закони (таму каде што го има) е: Итната постапка се предлага имајќи ја во предвид потребата од итно решавање на прашањата што се уредуваат со предложениот закон заради неодложната потреба за практична имплементација на предложените решенија. Потполна и многу очигледна тавтологија. Или, во превод, итно е затоа што така нам ни е ќеиф.

Целокупната процедура во донесувањето на сите овие закони претставува изигрување на правото, негирање на правната држава и злоупотреба на функциите како на претставниците на Владата (како овластен предлагач на сите овие закони), така и на функцијата пратеник и функцијата Претседател на Собранието.

ШТО ЗНАЧИ ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ПО ИТНА ПОСТАПКА?

Тоа значи примена на член Член 169 од Деловникот, или: “Кога предлог на закон се разгледува по итна постапка, не се одржува општ претрес. Второто и третото читање се одржуваат на иста седница. Во тој случај второто читање започнува со претрес по предлогот на законот во согласност со одредбите од овој деловник за второто читање.“ Тоа значи дека некој во власта утврдил дека нема потреба пратениците да расправаат, доволно е да дигаат раце.

И тоа уште значи дека: нема можност за јавна расправа, за експертски мислења, за анализи, за влијанија, за аргументи и противаргументи.

Ова претставува изигрување на самата основа на демократијата (можност за влијание на граѓаните) и претставува суштинско поместување на уставно гарантираниот суверенитет од граѓаните кон тесни владеачки структури. Наједноставно кажано: тогаш кога нема место за партиципација и за плуралитет, настапува диктатура.

МОЈАТА ДРЖАВА НЕ ЈА БИДУВА

Ако отидеш на место каде што сите одат на рацеPhotobucket” , човекот кој оди на нозе изгледа смешно, не се вклопува, не може да комуницира, неприфатлив е за заедницата. Доколку проба да им објасни на луѓето дека на други места не е вообичаено да се оди на раце, тие ќе го исмеат или ќе му кажат дека тоа е дел од нивната уникатност. Ако заговара поголема функционалност на одењето на нозе (што овозможува искористување на рацете за попаметни работи), станува опасен за заедницата и мора да биде замолчен. Ако почне да ги преобратува сите што одат на раце ќе биде прогласен за будала и егзекутиран.