ЗА ШАМИИТЕ И СЛИКАЊЕТО

Ова со шаммите и сликањето за лична карта ми е многу проблематично.

Религиозните догми се моќна работа. Кај Коранот и забраната на покажување на телото постојат неколку дубиози за кои може да се расправа, меѓутоа, доколку луѓето решиле дека тоа ќе биде правило што ќе го почитуваат како дел од сопствената религија јас го прифаќам.

Се поставува прашањето како тоа правило се рефлектира на останатите. Имено, во моментот кога правилата кои одредена група луѓе си ги прифатила и решила својот живот да им го прилагоди,   излезат надвор од групата, односно таа група сака да им ги наметне и на другите, имаме проблем. На пример имам голем проблем кога луѓето кои почитуваат одредени религиозни правила според кои сексот вон брак е забранет сакаат тоа правило да го прошират на сите, или кога сакаат да го наметнат правилото според кое не смеат да општат луѓе од ист пол, или правилото дека комерцијалните сексуални работнички се жени од вотр ред.

Дали во случајот станува збор за такво нешто?

Што е со сликата? Мислам дека Сликата сама по себе е многу проблематично средство за идентификација. Можат да се менуваат коса, веѓи, може да се прави пластична операција (помали или поглеми интервенции на лицето, ушите). Најверојатно би требало веќе да се најдат посоодветни начини за идентификување кои ова прашање би го направиле беспредметно. Во моментот навистина не мислам дека марамата во некоја драстично поголема мера го менува лицето отколку другите средства кои им стојат на располагање на луѓето (а кои не се забранети).

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket