ВЕРОНАУКА (5)

Четврта и петта мојсеева книга – броеви и второзаконие

По читањето на четвртата и петтата мојсеева книга, морам да повлечам дел од заклучоците до коишто стигнав во анализата на претходните три дела. Не е точно дека Библијата е непрактична и неупотреблива. Напротив. Во овие два дела таа повеќе личи на прирачник отколку на духовна книга (иако некои од нас секако можат да најдат духовност и во упатсво за употреба на миксер). Во овие два дела се содржани објаснувања за административните процедури кои треба да ги почитува населението во односите со својот творец (т.е. Бог), дадени се некои правни решенија со кои се регулираат односите меѓу луѓето и разработени се правила на војување (убивање, грабеж и палење). Сето тоа е прилично хаотично и со огромно почитување на принципот repetitio est mater studiorum па во книгата се повторуваат одново и одново исти работи (на различен начин кажани).  …

ВЕРОНАУКА (2)

Продолжението на моето верско образование доби многу интересна еротско-порнографска насока. Имено, наредните страни на Првата Мојсеева книга се исполнети со секс, проституција, инцест и подведување (покрај миењето нозе кое како ритуал го вовел Господ и кое има исклучително позитивни последици по хигиената на луѓето и ден денес). …

ВЕРОНАУКА

Веќе подолго време се зборува за внесување на веронауката во формалното државно образование, а од неодамна, во рамките на кампањата на Владата за стимулирање повисоко ниво на образование кај населението, се појави спот во којшто 10 божји заповеди се идентификуваат како непроменлив фундус на знаењето на човекот.  Јас верувам во доживотното учење и сфатив дека нешто сум пропуштила во сопственото образование (од многу објективни   причини, меѓутоа, тоа не ме оправдува денес). Затоа решив малку да се посветам на стекнување религиозни знаења. Јас ги имам читано Библијата, Куранот и Талмудот и претходно (а имам некои знаења од Будизмот, Хинду-учењата и Конфучие), меѓутоа не сум посветила посебно внимание во насока на подигање на сопственото знаење за Бога.