ДОЛЕ РЕЖИМОТ – ДА ЖИВЕЕ РЕЖИМОТ

Денес (10.10.2018 година) добив две покани од Министерството за внатрешни работи (Сектор за прекршоци) во кои ме повикуваат да дојдам во Комисијата за прекршоци во својство на сторител, а врз основа  на барања за поведување на прекршочна постапка поднесени од страна на Министерството за внатрешни работи до Министерството за внатрешни работи (повторувањето не е грешка туку факт) заради сторен прекршок: оштетување на јавана зграда.

Барањата за поведување на прекршочна постапка од Министерството за внатрешни работи се доставени до Министерството за внатрешни работи на 6.07.2016 година и на 11.07.2016 година (од претходниот режим), а се процесирани на крајот од 2018 година (од сегашниот режим).

Многу интересна ситуација ова со поканиве.

Прво, Шарената револуција беше граѓанско движење против еден диктаторски режим кое успеа на најбезболен и најбезбеден начин (со фрлање на боја врз објектите на државната власт) и без никакви жртви да го сруши режимот. Повикувањето на одговорност за фрлањето боја врз објекти на државната администрација е еднакво на повикување на одговорност за рушење на диктаторскиот режим. Значи, јас треба да бидам казнета затоа што сум го срушила диктаторскиот режим.

Со други зборови, полицијата на политичката гарнитура која беше донесена на власт како резултат на ова граѓанско движење ги гони претставниците на граѓанското движење заради тоа што ја донеле на власт.

Второ, не се повикуваат на одговорност сите учесници на Шарената револуција туку само оние кои не влегоа во власта.

Со други зборови, како реузлтат на фрлањето боја Заев стана премиер и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да го гони.

Како резултат на фрлањето боја Шеќеринска стана министер за одбрана и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да ја гони.

Како резултат на фрлањето боја Шилегов стана градоначалник   и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да го гони.

Како резултат на фрлањето боја Павле Богоев стана пратеник и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да го гони.

Јас останав граѓански активист и заради тоа мене прекршочно ме гонат.

Со тоа е прекршен Уставот на Република Македонија, Законот за спречување и заштита од дискриминација и на крај и членот 8 (Начело на еднаквост, непристрасност и објективност) од Законот за општата управна постапка.

Трето, самата покана се повикува на член 67 од Законот за општа управна постапка од 2005 година и покрај тоа што тој закон престанал да важи 2015 година (член 140 од Законот за општа управна постапка) со што е прекршен членот 5 од Законот за општа управна постапка (начелото на законитост).

Четврто, барањето за поведување прекршочна постапка не ги содржи елементите предвидени во членот 90 (Содржина на барањето) од Законот за прекршоци.

Петто, во поканата сум означена како сторител, не осомничен,  со што е нарушена презумцијата на невиност и органот кој ја испратил поканата веќе донел одлука за случај во кој јас не сум ни обвинета, судена ни осудена.

Шесто, во двете барања како службеник кој го констатирал прекршокот се наведува исто лице Николоски Гоце од ПС ОН “Центар“-СВР Скопје и покрај тоа што станува збор за два различни настани, кои се случиле во различно време и на различно место.

Заради сето погоре наведено јас Најчевска Мирјана,

Прво, ќе поднесам пријава за дискриминација до Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Второ, ќе поднесам кривична пријава против началникот на одделението за прекршоци на СВР Скопје Мехди Мустафа (потписник на барањето), заради злоупотреба на службената должност.

Трето, ќе поднесам кривична пријава против службеното лице Петрушевски потписник на поканата заради нарушување на пресумпцијата на невиност и злоупотреба на службената должност.

Четврто, ќе поднесам кривична пријава против униформираниот полициски службеник Николоски Гоце заради сомнение за давање лажен исказ и мамење во вршење на служба.

Петто, ќе поднесам тужба за дискриминација против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по командна одговорност.

И на крај, драги мои актуелни властодржци,  со ова покажувате дека вие не го срушивте диктаторскиот режим, туку само станавте нови корисници на истиот.

5,746 total views, 3 views today

ШТО НЕ МИ СЕ ДОПАЃА ВО НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК?

  1. Не ми се допаѓа тоа што законот е донесен по скратена постапка. Секое менување на вака суштински закони како што е Изборниот законик по скратена постапка индицира заобикулување на влијанието на граѓаните и донесување решенија кои се спротивни на интересите на граѓаните.

Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка 

2. Не ми се допаѓа тоа што граѓаните се присилуваат од свој џеб да го плаѓаат рекламирањето на партиите, односно, на граѓаните им се наметнуваат обврски кон политички партии независно од тоа дали се членови на тие партии или не, дали воопшто ги поддржуваат идеологијата и програмата на тие партии или не, дали сакаат да бидат партиски ангажирани или не. Финансирањето на платената програма на одредени партии во медиумите од буџетот на државата е злоупотреба на парите на граѓаните и ненаменско трошење на парите собрани преку задолжителните даноци.

Член 5

            По членот 76-г се додава нов член 76-д кој гласи:

„Член 76-д

            (1) За исполнување на законските обврски на радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми (портали) во делот на објавувањето на платено политичко рекламирање, финансиски средства се обезбедуваат од средствата на  Буџетот на Република Македонија, кои се исплаќаат на посебна сметка на Министерството за финансии.

3. Не ми се допаѓа тоа што продолжува праксата на очигледно вкаменување на актуелната поделба на колачот меѓу големите партии, дезавуирањето на волјата на граѓаните и дискриминацијата на помалите политички партии, новосоздадените политички партии и пред се независните кандидати.

Член 3

            Во членот 75-ѓ ставот (1) се менува и гласи:

            „(1)За време на изборната кампања и во првиот и во вториот круг на гласање, радиодифузерите кои ги покриваат изборите можат да емитуваат вкупно 9 минути дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма исклучиво наменети за платено политичко рекламирање, од кои за политичките партии на власт можат да одвојат најмногу четири   минути, за политичките партии во опозиција можат да одвојат најмногу четири  минути, за политичките партии во Собранието на Република Македонија кои немаат пратеничка група и за политичките партии кои не се застапени во Собранието на Република Македонија можат да одвојат една минута.“

4. Не ми се допаѓа тоа што во предлогот за измени фактички не е дадено образложение на измените.

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ

            Предлог – законот за изменување на Изборниот законик содржи 8 членa.

Со Предлог на Законот за  изменување и дополнување на Изборниот законик се допрецизираат одредбите на членовите 71, 75-д, 75-ѓ, 76-в, 76-г, 85-а и за бришење на членот 86 со цел да се дорегулра делот од Законот за платеното политичко рекламирање, финансиските средства кои се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија , исплатата на трошоците за објавеното платено политичко рекламирање од страна на Министерството за финансии,како и други прашања поврзани со изборниот процес.

5. Не ми се допаѓа тоа што една ваква очигледно дискриминирачка и коруптивна мерка се нарекува антикорупциска.

6. И најмногу од се не ми се допаѓа што СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најдоа заеднички јазик во изигрувањето на граѓаните.

CDS200 Поединечни резултати ; 2018/07/25; 19:22
Гласање Број:; 0007
Mode; Open
Subject of voting;
Сите
Присутни; 102
За; 101
Воздржан; 0
Против; 0
Гласале; 101
0001; АВИРОВИЌ ВЛАДАНКА……..; 0001; За
0002; АДЕМИ ЏЕВАТ…………..; 0003; За
0003; АЛЕКСАНДРОВА ЕМИЛИЈА…..; 0001; За
0004; АЛИМИ ЕЈУП……………; 0003; За
0005; АРНАУДОВ ЉУБЕН………..; 0001; Не е присутен
0006; АТАНАСОВ ПЕТАР………..; 0002; За
0007; АХМЕТИ АЛИ……………; 0003; Не е присутен
0008; БАЈРАМ АМДИ…………..; 0001; За
0009; БИЉАЛИ ТЕУТА………….; 0004; За
0010; СИМЕСКА-ДИМОСКА АНЕТА….; 0002; За
0011; БОГОЕВСКИ ПАВЛЕ……….; 0002; За
0012; АЦЕВСКИ КОСТАДИН………; 0002; За
0013; ВАСИЛЕВСКИ САШО……….; 0001; Не е присутен
0014; ВЕЛКОВСКИ ДИМЕ………..; 0002; За
0015; ВЕЉАНОСКИ ТРАЈКО………; 0001; За
0016; ГАШИ АФРИМ……………; 0004; За
0017; ГРУБИ АРТАН…………..; 0003; За
0018; ГРУЕВСКИ НИКОЛА……….; 0001; Не е присутен
0019; ДАМЧЕВСКА-ИЛИЕВСКА ВЕСНА.; 0001; За
0020; ДАНЕВ ДРАГАН………….; 0001; За
0021; УЗЕИРИ-ФЕРАТИ МЕРАЛ……; 0006; За
0022; АТАНАСОВ САШКО………..; 0002; За
0023; ДЕСПОТОСКИ БЛАГОЈА…….; 0001; За
0024; ДИМИТРИЕВ ЕМИЛ………..; 0001; Не е присутен
0025; ТАСЕВСКА ЛИДИЈА……….; 0002; За
0026; ДИМКОВ ТРАЈЧО…………; 0001; За
0027; ДИМОВСКИ ИЛИЈА………..; 0001; За
0028; ДИМОВСКИ ЉУПЧО………..; 0001; За
0029; МУРТЕЗАНОВ АГИМ……….; 0002; За
0030; ЃОРГИЕВА МИЛЕВА……….; 0002; За
0031; ЃОРЃИЕВСКИ ЗОРАН………; 0001; Не е присутен
0032; ЃОРЧЕВ ВЛАДИМИР……….; 0001; За
0033; ЕМИНИ-АСАНИ МИРСАДА……; 0003; За
0034; ЈОВАНОВИЌ МИРОСЛАВ…….; 0002; За
0035; ЗАТУРОСКА ЛИЛЈАНА……..; 0001; За
0036; ЗЕНДЕЛИ ФАДИЛ…………; 0004; За
0037; ЗЕЌИРИ МУХАМЕД………..; 0002; За
0038; ЗМЕЈКОВСКИ БОРИС………; 0001; Не е присутен
0039; ИБРАХИМ ЕНЕС………….; 0002; За
0040; МЕМЕДИ РЕЏЕП………….; 0004; За
0041; ИВАНОВ ИВАН…………..; 0001; За
0042; ИВАНОВ ПАНЧЕ………….; 0002; За
0043; ИЛИОСКИ ЗОРАН…………; 0001; За
0044; ИСМАИЛИ РЕЏАИЛ………..; 0003; За
0045; ИСМАЈЛОСКА-СТАРОВА НОЛА..; 0001; За
0046; ТАШЕВ РИСТЕ…………..; 0002; За
0047; ЈОВАНОВСКИ КРСТО………; 0001; За
0048; СТОЈАНОСКА ДАФИНА……..; 0001; За
0049; КАМБЕРОСКИ АЛИЈА………; 0002; За
0050; КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА ЕЛИЗАБЕ; 0001; За
0051; КАРАМАНИ НЕЏБЕДИН……..; 0004; За
0052; КАСАПИ ЃУЛУМСЕР……….; 0002; За
0053; КИРАЦОВСКИ АЛЕКСАНДАР….; 0002; За
0054; КИТЕВ БЕТИАНЕ…………; 0002; За
0055; КОВАЧЕВ ТАЊА………….; 0002; За
0056; БОГДАНОВСКИ ДАЛИБОР……; 0002; За
0057; КОСТОВ САШКО………….; 0002; За
0058; КУЗМАНОВСКА КАТЕРИНА…..; 0002; За
0059; КУЗМАНОВСКА ЛИЛЈАНА……; 0001; За
0060; ЛАЗАРЕВСКА ЖАКЛИНА…….; 0002; За
0061; ЛАЗАРОВА МЕРИ…………; 0002; За
0062; ЛАСОВСКА БЛАГИЦА………; 0001; За
0063; ЛАШКОСКА АНЕ………….; 0001; За
0064; ЛОКВЕНЕЦ ХАРИ…………; 0002; За
0065; МАНАСКОВА МАГДАЛЕНА……; 0001; За
0066; МАНОИЛОВСКИ БРАНКО…….; 0003; За
0067; МАНОЈЛОСКИ ГОРАН………; 0001; За
0068; МАНЧЕВ ВАНКОВЕР……….; 0001; За
0069; КОРУБИН НИКИЦА………..; 0002; За
0070; МЕМЕДИ ВЕСЕЛ………….; 0005; За
0071; МИЛАНОВ СТОЈАН………..; 0001; За
0072; МИЛЕВСКИ ГОРАН………..; 0002; Не е присутен
0073; МИЛОШОСКИ АНТОНИЈО…….; 0001; Не е присутен
0074; МИНОВ ПАНЧО…………..; 0001; Не е присутен
0075; МИРАКОВСКА СОЊА……….; 0002; За
0076; МИСОВСКИ ГОРАН………..; 0002; За
0077; МИТОВСКА СЛАЃАНА………; 0001; За
0078; МИТРЕСКИ ЈОВАН………..; 0002; За
0079; МИЦЕВСКИ НИКОЛА……….; 0001; За
0080; МОРАЧАНИН МАЈА………..; 0002; За
0081; МУКОСКИ КРСТО…………; 0001; Не е присутен
0082; МУХИЌ ФЕРИД…………..; 0002; За
0083; НИКОЛОВА ЈУЛИАНА………; 0002; За
0084; РАБАЏИЕВСКА-НАУМОВСКА БЕТ; 0002; За
0085; НИКОЛОВСКИ ИЛИЈА………; 0002; За
0086; ПЕМОВА ВЕСНА………….; 0001; За
0087; ИБРАИМОСКИ САМКА………; 0002; За
0088; ПЕШЕВСКА ЖАКЛИНА………; 0001; За
0089; ПИШЕВ ВАСИЛ…………..; 0001; Не е присутен
0090; ПОПОСКИ НИКОЛА………..; 0001; Не е присутен
0091; КОСТАДИНОВ КОСТАДИН……; 0002; За
0092; ПРЕНТОВИЌ ТАТЈАНА……..; 0002; За
0093; РАМЧИЛОВИЌ ЗЕКИР………; 0001; За
0094; РАНГЕЛОВА ДАНИЕЛА …….; 0001; За
0095; РАШИДИ СУРИЈА…………; 0005; Не е присутен
0096; САЗДОВСКИ ЧЕДОМИР……..; 0001; За
0097; СЕЛА ЗИАДИН…………..; 0005; Не е присутен
0098; СМИЛЕСКА КЕТИ…………; 0002; За
0099; ШУМАНСКА-МИТЕВА СЛАВИЦА..; 0002; За
0100; СТЕВАНАНЏИЈА ДИМИТАР…..; 0001; Не е присутен
0101; СТЕФОСКА ИРЕНА………..; 0002; За
0102; СТОИЛКОВИЌ ИВАН……….; 0001; За
0103; СТОЈЧЕВСКА МИРА……….; 0002; За
0104; ТАРЧУЛОВСКИ ЈОХАН……..; 0001; За
0105; ТАЧИ МЕНДУХ…………..; 0006; Не гласал
0106; ТАШЕВСКА-РЕМЕНСКИ ФРОСИНА; 0002; За
0107; СТАМЕНКОВСКА НЕВЕНКА…..; 0001; Не е присутен
0108; ТРПЕВСКИ БЛАГОЈЧЕ……..; 0002; За
0109; ТУНТЕВ ТОМИСЛАВ……….; 0002; За
0110; ТУФЕГЏИЌ ИВАНА………..; 0002; За
0111; ХАДРИ ШПРЕСА …………; 0003; За
0112; ХАСАНИ ЈУСУФ………….; 0001; За
0113; ЦИПУШЕВА НАДА…………; 0001; Не е присутен
0114; ЦУКЛЕВ ДРАГАН…………; 0001; За
0115; ЧЕСТОЈНОВА ПАВЛИНЧЕ……; 0001; За
0116; ЏАФЕРИ ТАЛАТ………….; 0003; За
0117; ШАЌИРИ АГИМ…………..; 0003; За
0118; ШАХПАСКА ЈАГОДА……….; 0002; За
0119; ПОПОВСКА ЛИЛЈАНА………; 0002; За
0120; ЛАЛЧЕВСКА ТАТИЈАНА…….; 0002; За

30 total views, 2 views today

НЕКОИ УТОПИСКИ РАЗМИСЛИ ПРЕД НАРЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

Овој текст го објавив во дневниот весник УТРИНСКИ (кој веќе не постои заради преголемата медиумска слобода која владее во Република Македонија) на 24 април 2001, во рамките на циклусот написи под наслов  “ И боговите лично пред  глупоста остануваат неми “. 

Во изминатите 17 години требаше да отидеме подалеку, чинам.

У Т О П И Ј А

 

Посакувам на наредните претседателски избори во Макеоднија  да се кандидира човек кој ќе има интелектуални и морални капацитети и кој ќе поседува знаење и искуства што ќе му овозможат;

–       да ги разбере   работите што се случуваат околу него за да може да реагира и постапува согласно со реалните случувања;

– некој кој ќе има јасна претстава за луѓето со кои се опкружува и можност за елементарна процена на она што може, што сака и што ќе добие од овие луѓе;

– кој  ќе може да го каже она што сака и што треба да го каже, а ќе го премолчи она што не сака и што не треба да го каже;

– кој  ќе се смее кога работата е за смеење, а ќе биде сериозен кога работата е сериозна;

– кој ќе знае да пресече таму каде што е за сечење и ќе знае да биде вистински дипломат таму каде што треба да се договара и преговара;

– некој кој ќе верува во себе, во граѓаните и во своите соработници, а нема да чека цело време милост и помош од некој од надвор или одозгора.

За ваков човек би гласала во секое време и два пати.

Посакувам на наредните парламентарни избори да се појави барем еден кандидат за парламентарен пратеник кој ќе има интелектуални и морални капацитети и кој ќе поседува знаења и искуства кои ќе му овозможат;

-да размислува со своја глава и да биде нешто малку повеќе од обична кукла на конци која мрда онака како што кажува партијата (било да е тоа старата или новата или некоја идна партија);

– кој  нема да заборави дека е избран од страна на граѓаните со цел да биде нивно продолжение, манифестација на нивниот интерес, нивни претставник и дека до крајот на својот мандат е во нивна служба.

– кој ќе ги чита собраниските материјали ќе замоли да  му биде објаснет секој нејасен дел од страна на оние што знаат, ќе ги гради своите ставови и ќе ги донесува решенијата врз основа на сите информации што ќе ги добие од своите истомисленици и од оние што мислат сосема  спротивно од него;

– ќе сфати дека користењето на позицијата на која се наоѓа за остварување на каква било лична корист е еднакво на обична улична (или провална) кражба и дека оној што ја направил за тоа треба да одговара како секој уличен ограбувач или провалник;

– ќе ја прифати пратеничката функција воден од сознанието дека политиката е занает за кој треба талент И период на учење (од чирак, преку калфа до мајстор);

– ќе сфати дека пратеничките привилегии се во функција на остварување на прифатените задолженија, а  не награда за претходно извршените партиски задачИ;

–  пратеничката функција  нема да ја сфати како продолжен одмор од четири години со посебна можност за кружни патувања во странство.

За ваков човек би гласала независно на која партија и припаѓа неброен број пати и со задоволство. Посакувам наредната Влада да ја предводи премиер кој ќе има интелектуални и морални капацитети и кој ќе поседува знаења и искуства кои ќе му овозможат;

-да ја избегне напиолеонската болест на прв и единствен, незаменлив, неприкосновен и неповторлив;

– кој во најголем дел од своето премиерување ќе биде наполно свесен и наполно деловно  способен;

– кој ќе биде во состојба да формира влада во која основен критериум ,,за,, ќе биде нивото на стручноста, а основен критериум ,,против,, – нечесноста;

– да сфати дека партиските војници треба да бидат наградени на друг начин, а не со министерски, амбасадорски и функционерски места;

– да сфати дека државата не е негова сопственост со која може да располага како што сака, дека не смее да ја продава, да ја подарува, ниту да ја дава на послуга за одредено време (дури ни на МПЦ);

– за да разбере дека ни толку високо поставен не е над законот и над правото (напротив);

– да ја прифати одговорноста за своите постапки и да плати за направените грешки;

– да ги продолжИ позитивните трендови на својот претходник и никогаш во своја одбрана да не се повика на грешките на својот претходник или на својот партиски противник.

Навистина би сакала да видам ваков човек на чело на македонската влада.

Посакувам во наредната влада да се најде барем еден министер кој ќе има интелектуални и морални капацитети и кој ќе поседува знаење и искуства кои ќе му овозможат;

– да сфати каде се наоѓа и со што се занимава;

–  да се обидеда разбере како функционира министерството што го раководи, како да ја  искористи машинеријата што му е ставена на располагање и како министерството да го  направи функционална и ефикасна структура во службан а интересите и потребите на граѓаните;

– кој нема да вработи ниту еден свој роднина (ниту по права ниту по родбинска линија) или свој емоционален или сексуален партнер (животен или привремен);

– кој нема да отпушти ниту едне човек со цел на неговото место да вработи ,,свој,, или партиски кадар;

– кој ќе инсистира на изработка на сите протоколи, процедури и правила на работење (во писмена форма) И прв ќе почне да ги спроведува;

– кој барем поимно ќе може да ја разликува администрацијата од политичката структура;

– некој кој ќе го почитува законот до неговата последна буква и интерпукциски знак.

По можност тој министер би било убаво да не е министер-приправник. Таков министер навистина би вредело  да се има во која било влада.

Некогаш човек едноставно го посакува невозможното, нели? Надејвајќи се на чуда или на ненадеен  пробив на разумот (што можеби во случајов би го претставувало и најголемото чудо). Некогаш човек едноставно се чувствува толку беспомошен да напраив што било во реалноста (посебно кога реалноста е толку апсурдно нерационална, до солзи, бесрамно), што фантазијата странува единствена основа на надежта. И на преживувањето.

Ако ме прашате мене, јас би била задоволна и со 10% од горното. Сосема. И свесна сум колку е тоа нереално.

28 total views, 2 views today

ПРВИ ВПЕЧАТОЦИ

За Извештајот.

Она што јас го читам е дека Извештајот зборува многу повеќе за проблемите создадени од страна на претходната владејачка стриктура (ВМРО-ДПМНЕ) отколку за напредокот кој што е фактички направен. Имено, прооблемите, грешките, отстапувањата од вредностите на ЕУ кои ги направила претходната власт се толку големи, што секое запирање на негативниот тренд може да се толкува како позитивен чекор.

На пример, напредок е тоа што наместо 67%, 60% од усвоените закони се усвоени во скратена или итна постапка.

Со други зборови како што милуваат да се изразат во Извештајот: the country has achieved some level of preparation (државата достигна одредено ниво на подготовка).

Во извештајот се користи терминот заробена држава (не за опишување на актуелниот период туку за опишување на владеењето на коалицијата на ВРО-ДПМНЕ и ДУИ).

Со други зборови: не е сега заробена државата како што се обидуваат да не убедат господата од нереформираната ВМРО-ДПМНЕ, туку со години била и сега ги живееме последиците од таа заробеност.

Во Извештајот многу често се реферира на претходниот период. На пример:

The backsliding of previous years has started to be reversed through decisive steps taken in recent months to start restoring the independence of the judiciary.

Назадувањето од претходните години почнува да се пренасочува преку решителни чекори преземени во последните месеци за почеток на обновување на независноста на правосудството.

Со други зборови: сме имале колку толку независно правосудство кое во време на ВМРО-ДПМНЕ станало зависно.

Во повеќе наврати во извештајот станува збор за релевантни статистички податоци.

Data gathering and data quality continue to be a major shortcoming. This shortcoming hampers proper evidence-based policy and the drafting of laws. Also, the government has made extensive use of shortened legislative procedures, which limit the quality of draft laws.

Собирањето на податоци и квалитетот на податоците продолжуваат да бидат голем недостаток. Овој недостаток ја попречува правилната политика базирана на докази и изготвувањето на закони. Исто така, владата екстензивно ги користи скратените законски процедури, кои го ограничуваат квалитетот на нацрт-законите.

Понатаму, формалната консултација промовирана преку интернет не може да биде замена за вистинска, квалитетна и осмислена јавна расправа која ќе има влијание врз одлуките кои се донесуваат.

Со други зборови: политиките не смеат да се вадат од ракав и да немаат допир со реалноста, а партиципацијата на граѓаните не смее да се сведе на формална можност да си кажат што им лежи на срцето без тоа да има никакво фактичко влијание во процесите на одлучување.

Според Извештајот се уште нема гаранции за квалитетот на администрацијата и нема заштита од субјективно (читај: партиско) влијание во кариерното напредување.

The lack of gender balance is especially visible in institutions where the head of the institution is from the biggest non-majority community.

Недостатокот од родова рамнотежа е пособено видлив во институциите каде што раководител на институцијата е припадник на најголемата немнозинска заедница.

Со други зборови: таму каде што како раководител се појавува припадник на ДУИ нема место за жените.

Managerial accountability within institutions is not systematically implemented and there is little delegation of responsibility to middle management.

Одговорноста на именуваните функционери (раководниот кадар)  во рамките на институциите не е систематски имплементирана отсуствува делегирање одговорност за средниот менаџмент.

Со други зборови: раководителите не се одговорни и не знаат да работат со институциите.

Во Извештајот е забележлив интересен термин: robust analyses of gaps and needs (силна, агресивна анализа на недостатоците и потребите).

Со други зборови: не се потребни нежни прилагодувања, туку многу јасна промена базирана на соочување со сите недостатоци.

Извештајот јасно кажува дека промените кои треба да се направат се крупни, комплексни и системски.

Доколку навистина сакаме да продолжиме со ЕУ интеграцијата мислам дека треба сериозно да им се објасни на граѓаните на државата: што се треба да се смени, како тоа ќе се рефлектира на нивниот живот и кои се прашањата околу кои во пристапниот процес не се прават компромиси.

27 total views, 3 views today

ВОЛКОТ ГО МЕНУВА ВЛАКНОТО, АМА НЕ И ЌУДТА

Шекеринска ја ангажираше поранешната уредничка на „Утрински весник“, Соња Крамарска во Министерството за одбрана
Венко Филипче нов министер за здравство
Вангеловски: Во Советот за имплементација на судските реформи би членувал по функција
Режимскиот рекетар Горан Трајковски избран за директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци

Кога менуваш авторитарен режим во најмала рака се трудиш да ги тргнеш од власт сите оние кои го овозможиле, поддржувале и/или бенефицирале од ваквиот режим. Во мали држави како што е нашата и кои располагаат со ограничени човечки ресурси многу е важно да се искористи секој оној кој има и пола грам мозок. Тоа значи дека овие луѓе не е добро да ги отпуштиш, туку да ги дистанцираш од центрите на моќ, влијание и управување, односно да ги ставиш во средина која ќе ги контролира и ќе оневозможи девијантно делување.

Секое поставување на ваков човек на управувачка позиција и/или одложување на неговото тргање од ваква позиција доколку веќе се наоѓа на неа, значи или дека си многу наивен (до ниво на глупост) или дека сакаш да го искористиш тој човек на истоветен начин како што го користела и претходната владејачка структура (за мамење, крадење, лажење, лично богатење, …).

Тие кои биле корумпирани во време на владеење на претходната владејачка структура ќе бидат корумпирани и со новата.

Опкружувањето со поголем број од овие луѓе веќе ја зголемува веројатноста дека станува збор за ова второво, односно, дека сакаш да мамиш, крадеш, лажеш и да ја користиш власта за лично богатење, и ваквите луѓе ти  се едноставно неопходни.

 

 

 

14 total views, 1 views today