ЗА ЛУСТРАЦИЈАТА, ИЛИ, РЕТРОКОМУНИЗМОТ НА ДЕЛО

За лустрацијата се изјаснив уште многу одамна и ги прогнозирав сите овие глупости кои што се случуваат денес кога почна да се практикува. Сакам само накратко да потсетам на основните проблеми: 1. Не смее да има лустрација без да бидат опфатени луѓето од МВР. Имено токму полицајците и службениците на ДБКА и слични служби се […]

ЗА ГРУЕВСКИ, ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА, МАНЕВСКИ И ОСТАТОКОТ ОД ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОСТАВЕНА ОД НАЈМАЛКУ ТРИ ЛИЦА ЗДРУЖЕНИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ОДРЕДЕН ВИД ДЕЛА

Мојата држава е место каде што владее насилството, каде што незнаењето е предуслов за успешност и каде што криминалците немаат потреба да се кријат и да ги прикриваат трагите на сопствените криминални дејствија, туку, едноставно ги озаконуваат. Во мојата држава е применета неверојатно успешна криминална формула: Носителите на власта ги прекршуваат законите и не одговараат […]

НЕЗНАЕЊЕ, ГЛУПОСТ ИЛИ НЕШТО ТРЕТО? ИЛИ, РЕТРОКОМУНИЗМОТ НА ДЕЛО

Правната држава е демократска творба која се базира на системот на поделба на власта (законодавна и извршна), на независното судство, правнта сигурност и владеењето на законот. Она што се случува во Република Македонија во последните десетина години е учебнички пример на рушење на правната држава и воспоставување на систем на неконтролирано владеење на политичките моќници. […]

Уставниот суд – гробар на македонскиот унитаризам

Одлуката на Уставниот ни суд (У.бр.284/2009 и У.бр.70/2010 од 14.07.2010 г.) за укинување на Ñ‚. 2 од Решението на Министерот за образование околу изучувањето на македонскиот јазик во основните училишта ни (објавена во Сл.в. 98/2010) не е грешка, не е катастрофа туку е – КАТАКЛИЗМА. Уште пред да одам на одмор ме удри јанза. По […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ТРЕБА ДА ДАДЕ ОСТАВКА ИЛИ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН

Функцијата министер подразбира права и обврски. Основна обврска на министерот (според член 13 од Законот за Влада) е “самостојно раководи со министерството за кое е избран, го следи и е одговорен за спроведувањето на законите и другите прописи“. Ова е прецизирано во одделните закони, меѓу кои е и Законот за основно образование. Во овој закон […]